Спорт
Охрид домаќин на веслачка регата

Во водите на Охридското езеро утрово започна традиционалната Илинденска веслачка регата. Организатор на регатата која има меѓународен карактер е Веслачкиот клуб “Југ“ од Охрид. Регата“.
Во водите на Охридското езеро утрово започна традиционалната Илинденска веслачка регата. Организатор на регатата која има меѓународен карактер е Веслачкиот клуб “Југ“ од Охрид. Регата“. На регатата ќе земат учество клубови од земјата и странство и тоа : ВК “Бегеј“ Зрењанин-Република Србија, ВК “Тракија“ Пловдив, ВК “ЦСКА“ Софија, ВК “Черпоков“, Пловдив – Република Бугарија, ВК “ Црни Дрим “Струга, ВК “Дебар“ Дебар и домаќинот ВК “Југ“ Охрид. На регатата ќе настапат околу 60 веслачи и веслачки во дисциплините Скиф и Дублскул во пионерска, кадетска и јуниорска категорија. крај/охридњуз/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сензационалната Андреева преку Шјонтек до финалето во Индијан Велс

Руската сензација Мира Андреева избори пласман во финалето на Мастрсот во Индијан Велс.
Во полуфиналето 17-годишната Андреева ја надигра Ига Шјонтек со 7:6, 1:6, 6:3. Ова е втор последовно финале за Андреева на турнирите од Мастерс серијата, откако пред три недели играше во финалето во Дубаи. Интересно и во Дубаи во полуфиналето ја победи Швјонтек.
„Голема победа во тешки услови. Не успеав да ја искористам мојата шанса во првиот сет, но кога стигнав до тај-брејк се чувствував многу самоуверено. Го играв како да ми е последен во животот. Мојот сервис беше извонреден. Го играв секој удар до максимум. Вториот сет беше малку чуден, таа ме надигра играјќи многу длабоко но и со добри излегувања на мрежата. Размислував во паузата меѓу вториот и третиот сет што да сменам и решив да продолжам да играм исто тактички, но да напаѓам уште повеќе. Исто така, одлично ги контролирав нервите и затоа сега сум многу горда на себе“, рече Андреева 11 победи во низа. Таа го освои Дубаи.
Ривалка за титулата во Индијан Велс ќе и биде најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, која со 6:0, 6:2 ја победи шампионката на Австралија опен, Медисон Кис, и се одмазди за поразот во тоа финале.
Спорт
Во Фенербахче нема место за Ливаковиќ

Доминик Ливаковиќ е закован на клупа за резерви кај Фенербахче, а за се е виновна повредата која ја заработи на почетокот на годината. Како што тврдат медиумите хрватскиот репрезентативец ќе го напушти клубот во летниот преоден рок.
Ливаковиќ последен пат бранеше за Фенербахче на 13 јануари, по што се повреди, кратко беше на рехабилитација, но Хрватот го загуби местото меѓу стативите од Ирфан Џан Егрибајат.
Турските медиуми пренесуваат дека искусниот голман добил три понуди, од клубови од Премиер лигата и од Серија А.
Иако има договор со Фенербахче до 2028 година, долгогодишниот хрватски репрезентативец речиси сигурно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Тој пристигна од Динамо во 2023 година за околу седум милиони евра, а Фенербахче нема да го пушти за помалку од десет милиони.
Спорт
(Видео) Денвер со тешка мака ги победи десеткуваните Лејкерси

Денвер Нагетс славеа во дербито против ЛА Лејкерс со 131:126. Нагетс се зацврстија на втората позиција во Западната конференција, го добија дуелот со директниот ривал кој на овој натпревар играше без цела една петорка. Изминатата ноќ најдобриот тим во лигата Кливленд Кавалирс ја продолжи победничата серија. 16.победа во низа Кавалирс ја забележаа во Мемфис.
Џамал Мареј со тројка на пет секунди до крајот стави точка на победата на Денвер против Лејкерси во чии редови ги немаше Лука Дончиќ, Леброн Џејмс, Руи Хачимура, Џексон Хејс, Гејб Винсент и Доријан Фини-Смит.
Мареј мечот го заврши со 26 поени, два помалку од најефикасниот играч на Денвер Никола Јокиќ. Србинот мечот го зарши со 28 поени, осум скока и пет асистенции. Најблиску до овие двајца беше Кристијан Браун со 22 поени.
Кај Лејкерси се истакнаа Остин Ривс со 37 поени (13/26 од поле), осум скока и 13 асистенции, односно Далтон Кнект со 32 поени и Шејк Милтон, кој постигна 16 поени.
Кливленд делува незапирливо, а тоа го потврдија со 56. сезонска победа. Овојпат Кавалирс победија на гости кај Мемфис Гризлис 133:124. 22 поени и 11 скока забележа Еван Мобли, додека Гарланд запиша 20 поени и девет асистенции.
На Мемфис не му помогна ниту извонредниот настап на Џа Морант, кој мечот го заврши со 44 поени, осум скока и седум асистенции Но, ја немаше соодветната поддршка од соиграчите.
Резултати:
Мајами – Бостон 91:103
/Вигинс 23 – Тејтум 28/
Филаделфија – Индијана 100:112
/Доутин 24 – Сијакам 27/
Атланта – ЛА Клиперс 98:121
/Оконгву 18 – Харден, Ленард 25/
Сан Антонио – Шарлот 134:145
/Кесл 26 – Бол 27/
Минесота – Орландо 118:111
/Едвардс 28 – Банкеро 43/
Хјустон – Далас 133:96
/Езона 30 – Вилијамс 25/
Јута – Торонто 118:126
/Кларксон 19 – Квикли, Барнс 20/
Феникс – Сакраменто 122:106
/Букер, Дурант 22 – Дерозан 23/