Спорт
Ето за дебели пари си оди од Интер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/7dbdbd53-75cd-4a96-941d-a0f001a85850.jpeg)
Според „Газето Дело Спорт“ Камерунецот Ето, еден од најдобрите играчи на Интер најверојатно ќе си оди од клубот.Причината е понуда која не може да се одбие, а пристигнува од Махачкала, Русија.
Според „Газето Дело Спорт“ Камерунецот Ето, еден од најдобрите играчи на Интер најверојатно ќе си оди од клубот.Причината е понуда која не може да се одбие, а пристигнува од Махачкала, Русија. Клубот Анжи нуди 115 милиони евра обештетување, 35 милиони за трансферот и по 20 милиони за секоја од четирите години од договорот кој би го потпишал Ето со Анжи.Сопственикот на Интер, Масимо Морати не крие дека оваа импресивна понуда ќе ја прифати, оценувајќи ја како интелигентна и разумна. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, против Њукасл ќе игра за трофејот во Лига купот
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.
Спорт
(Видео) Кен и Фиорентина го нокаутираа Интер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803566.jpg)
Фудбалерите на Фиорентина убедливо го совладаа Интер со 3:0 (0:0) во натпреварот од 14. коло од италијанската Серија А.
Фиорентина и Интер играа на 1 декември минатата година, но натпореварот беше прекинат во 15.минута кога Едуардо Бове колабираше на теренот.
Нов датум се најде дури два месеци подоцна и Фиорентина одигра многу подобро особено во последните 30 минути.
„Виолетовите“ успеаја да постигнат три гола од 60. до 89.минута против бранителот на титулата.
Стрелец на првиот гол беше Лука Раниери во 60. минута, а осум минути подоцна Мојс Кен го удвои водството на домашните.
Точка на натпреварот во 89. минута стави Кен и само потврди дека ја игра најдобрата сезона во кариерата.
Фиорентина скокна на четвртото место со 42 освоени бода, додека Интер има 51 на втората позиција, три помалку од водечкиот Наполи.
Овие две екипи повторно ќе се сретнат веќе во понеделник, кога Интер ќе биде домаќин во 24. коло од Серија А.