Спорт
Блекбурн доставил понуда до Шалке за Раул

Генералниот директор на Шалке Хорст Хелд денеска пред германските медиуми соопшти дека клубот добил понуда од англиски Блекбурн за напаѓачот Раул Гонзалес.
Генералниот директор на Шалке Хорст Хелд денеска пред германските медиуми соопшти дека клубот добил понуда од англиски Блекбурн за напаѓачот Раул Гонзалес.Тој наведе дека претставниците на клубот денеска ќе се сретнат со 34 годишниот Шпанец и неговиот менаџер и дека ќе разговараат за понудата што стигнала вчера.„Не сакаме да го продадеме, но доколку Раул сака да оди, ќе мора да се соочиме со тоа и да започнеме преговори. Конечната одлука ќе се знае утре околу пладне“, рече Хелд.Договорот на Раул со Шалке истекува во јануари 2012 година. Тој за германскиот прволигаш одигра 55 натпревари и постигна 22 гола, од неговото пристигнување од Реал Мадрид минатото лето. /крај/ап/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ван Бастен за контроверзниот пенал на Атлетико: УЕФА има обврска да ја исправи грешката

Се уште траат дебатите од неверојатната ситуација за време на пенал рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Во втората серија беше поништен голот на Хулијан Алварез. Според ВАР собата, Аргентинецот двапати ја допрел топката.
Реал Мадрид на крајот победи, од Атлетико не ја прифаќаат одлуката, сметаат дека се оштетени. Многумина од фудбалскиот свет се на нивна страна. Во саботата се огласи легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен, смета дека Атлетико е оштетен..
Тој вели дека не видел втор допир од Алварез за време на ударот.
„Јас не сум навивач на Реал Мадрид или Атлетико. Хулијан Алварез еднаш ја допре топката. УЕФА има обврска да го поправи тоа“, изјави Ван Бастен, кој моментално е вработен во ФИФА како директор за технички развој.
Како доказ за своите тврдења објави две видеа од спорниот момент, од два агли.
Спорт
(Видео) Халанд влезе во историјата на премиер лигата, Сити се сопна против Брајтон

Манчестер сити по ремито со Брајтон (2.2), полека го губи чекорот во борбата за четвртото место. Сити остана на петтото место со 48 бода, еден повеќе од „Њукасл (натпревар помалку) и Брајтон.
Првиот гол на натпреварот одигран на „Етихад“, во Манчестер во 11. минута го постигна Ерлинг Халанд. Норвежанецот успешно го реализира пеналот и на тој начин му донесе водство на својот тим. Набргу по тој гол, Еступинан погоди од слободен удар на другата страна, израмнувајќи го резултатот на 1:1. Во 39. минута Омар Мармуш повторно погоди за Сити, а на почетокот на вториот дел Абдукодир Хусанов си постигна автогол со што го постави конечниот резултат.
голот што го постигна во 11.минута влезе во историјата на Премиер лигата. Стана играч на кого му били потребни најмалку натпревари кој достигнал 100 гола и асистенции.
Норвежанецот, играјќи за Сити, го постигна овој подвиг во 94 натпревари, шест помалку отколку што му требаше на претходниот рекордер Алан Ширер. Зад Халанд останаа и големи имиња како Ерик Кантона, Мохамед Салах, Серхио Агуеро и Тиери Анри.
Erling Haaland makes more Premier League history 👏
His goal against Brighton gets him to 100 goals and assists faster than any other player! pic.twitter.com/8B9RnGlR9x
— Premier League (@premierleague) March 15, 2025
Резултати:
Евертон- Вест Хем 1:1
Ипсвич-Нотингем Форест 2:4
Саутемптон-Вулверхемптон 1:2
Спорт
(Видео) Нов кикс на Баерн, не успеа да победи во Берлин

Фудбалерите на Баерн Минхен ремизираа 1:1 со Унион во Берлин во 26. коло од Бундес лигата.
Баерн имаше предност, но тимот од Берлин успеа да израмни и да дојде до бод во последните минути од натпреварот.
Првото полувреме помина без голови. Баерн имаше шанса во втората минута од судиското надополнување да поведе, но голманот на Унион успеа одбрани.
Баерн продолжи со офанзивата и ја презеде контролата во второто полувреме. Хари Кејн и Џамал Мусиала се обидоа, но без успех.
Сепак, Баерн поведе во 75. минута откако Лерој Сане погоди од додавање на Јосип Станишиќ.
На крајот Унион успеа да дојде до бод, бидејќи Бенедикт Холербах погоди за 1:1 во 84. минута од натпреварот.
Бундес лига, 26 коло:
петок:
Сент Паули – Хофенхајм 1:0 (0:0)
/Вајшаупт 51/
сабота:
Вердер Бремен – Борусија М. 2:4 (2:2)
/Шмид 39, Силва 45+1п – Плеа 7п, 28, 47, Клајндиенст 81/
Аугсбург – Волфсбург 1:0 (0:0)
/Тек 53/
Мајнц – Фрајбург 2:2 (1:0)
/Буркард 34, Ханхе-Олсен 74 – Грегорич 58, Кублер 79/
Унион Берлин – Баерн 1:1 (0:0)
/Холербах 84 – Сане 75/