Спорт
Трилер на Вердаско и Надал

Вториот носител на АТП турнирот во Синсинати, Шпанецот Рафаел Надал, беше на само еден погрешен удар до елиминација во трилер мечот со сонародникот Фернандо Вердаско.
Вториот носител на АТП турнирот во Синсинати, Шпанецот Рафаел Надал, беше на само еден погрешен удар до елиминација во трилер мечот со сонародникот Фернандо Вердаско. Двајцата левораки играчи и пружија на публиката возбудувања и три сета кои се играа во тај брек. Во првиот тај брек победи Надал дозволувајќи му на Вердаско 5 поени, во вториот тај брек Вердаско се реваншира, а Надал застана на 4 поени, додека во третиот сет тај брекот одеше израмнето до 9:9, кога Надал направи мини брејк и го освои следниот поен за победа.Останати средби од осминафиналето:Роже Федерер (3) – Џемс Блејк 6:4, 6:1Новак Ѓоковиќ – Радек Степанек 6:3, 6:3Жил Симон (10) – Давид Ферер (5) 6:4, 6:7 (3), 6:4Марди Фиш (7) – Ришар Гаске (12) 7:5, 7:5Томаш Бердик (8) – Николас Алмагро (9) 6:2, 6:2Енди Марек (4) – Алекс Богомолов Џуниор 6:2, 7:5Гаел Монфис (6) – Филип Колшрајбер 6:2, 6:2. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Му се скина шорцот, не можеше да го скрие пе…от, сепак победи на 400 метри со пречки

Митингот на Златната лига во Острава, одржан во вторник, ќе биде запаметен по лошата среќа што го снајде Крис Робинсон за време на трката на 400 метри со пречки.
Проблемите на Робинсон започнаа рано во трката кога му се скина шорцот.
Прескокнувајќи ги пречките Робинсон ѝ го покажуваше на публиката она што јавно не се покажува.
И на крајот успеа да победи на одличен начин, со премет нанапред и со голема насмевка затоа што беше свесен како целата трка им изгледаше на сите покрај теренот.
Погледнете сами, ако ништо друго, барем ќе ве насмее.
Спорт
Ирвнг доби 119 милиони долари од Далас

Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата ќе остане во Далас Маверикс.
Освојувачот на шампионскиот прстен со Кливленд Кавалирс и франшизата од Тексас потпишаа тригодишен договор вреден 119 милиони долари. Кајри ја намали својата плата од 43 на 39 милиони долари, а последната година од договорот се активира на барање на играчот, односно кошаркарот ќе има можност да го тестира пазарот.
Далас ќе има респектабилен состав, покрај Ирвинг тука се Ентони Дејвис и Клеј Томпсон, а она што е важно за нив е што тие први ќе избраат на претстојниот драфт.
Откако Ирвинг го потпиша договорот, Далас објави дека Спенсер Динвиди, Кеслер Едвардс, Кај Џонс и Данте Ексум ќе си заминат како слободни играчи.
Спорт
Вилијамс им кажал збогум на челниците на Атлетик

Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, го информирал раководството на клубот дека се сели во Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот гигант е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со тоа што веднаш ќе плати 58 милиони евра и уште четири милиони евра во следната фискална година.
Нико Вилијамс со Барселона ќе потпише договор до јуни 2032 година.
Трансферот ќе биде официјален на 1 или 2 јули, за да може Вилијамс навреме да ги започне подготовките со своите нови соиграчи.