Спорт
УЕФА поведе дисциплинска постапка против Венгер
УЕФА одлучи да поведе дисциплинска постапка против тренерот на Арсенал Арсен Венгер бидејќи за време на мечот од Лигата на Шампионите против Удинезе од трибините контактираше по мобилен телефон
УЕФА одлучи да поведе дисциплинска постапка против тренерот на Арсенал Арсен Венгер бидејќи за време на мечот од Лигата на Шампионите против Удинезе од трибините контактираше по мобилен телефон со помошникот тренер, иако беше суспендиран.Суспензијата Венгер ја заработи претходно уште минатата сезона заради упатени критики кон судиите по мечот против Барселона од Лигата на шампионите. /крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Почина Илија Темелковски
Денеска во Скопје почина Илија Темелковски (71), поранешен селектр на повеќе македонски селекции.
Илија Темелковски е легенда на Пролет, а покрај овој клуб ги водеше и Еурофарм Работник и Струга.
Како селектор на Македонија го освои 11. место на Светското првенство во 2009 година.
Со младинската селекциија фо освои четвртото место на Европското првенство во 2002 година, а во 2017 година го освои шестото место на Светското првенство.
Спорт
Мартинез во аут до крајот на сезоната
Лисандро Мартинез заработи нова тешка повреда и нема да се врати на терените до крајот на сезоната.
Аргентинскиот дефанзивец заработи повреда на вкрстените лигаменти на левата нога во поразот од Кристал Палас (0:2), во неделата. Манчестер јунајтед потврди дека нема да може да смета на него до крајот на сезоната.
Ова е петта повреда за Мартинез откако пристигна на „Олд Трафорд“ во 2022 година.
Оваа сезона одигра 32 натпревари во сите натпреварувања, постигна два гола и забележа две асистенции.
РЕ-Наши фаци
Македонецот Ервин Цого останува селектор на швајцарската 3х3 репрезентација до 2028: „Целта е да одиме на Олимпијада“
Македонскиот баскетџија, Ервин Цого, го продолжи договорот со Швајцарскста кошаркарска федерација и ќе остане селектор на машката 3х3 репрезентација до 2028-ма година.
Цого, кој го презеде кормилото на 3х3 репрезентацијата на почетокот на 2024, во првата година како селектор успеа да ги освои квалификациите за Европското првенство, и на шампионатот да го освои 4. место со швајцарската репрезентација.
За новите предизвици, Цого вели: „Договорот е до 2028-ма, а 2028-ма е година на Олимпијадата, па се надевам на квалификација на најголемото спортско натпреварување, бидејќи 3х3 е веќе олимписки спорт. Летово ќе играме квалификации за Европското првенство во Букурешт на 7 и 8 јуни, а после тоа одиме на Светското првенство во Монголија, кое ќе се игра на 22 и 23 јуни. Обезбедивме учество на Светско, откако лани завршивме четври на Европското првенство и добивме директен тикет за на Светско. Играчите во тимот и годинава се исти – шест играчи се во конкуренција, од нив 4 ќе бидат избрани за натпреварување. Се познаваме сите добро, имаме добра хемија во тимот. Со добра хемија и желба за успех, може да изненадиме секого и да дојдеме до големи успеси“.
За потсетување, Ервин Цого беше член на македонската 3х3 репрезентација – тој во летото 2023 ја заврши својата репрезентативна кариера по настапот со националниот тим на турнир во Братислава.