Спорт
Металург против Татран во борба за петтото место на турнирот во Добој

Ракометарите на Металург против чешкиот Татран Прешов ќе се борат за пласман на петтото место на 43-то издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој.
Ракометарите на Металург против чешкиот Татран Прешов ќе се борат за пласман на петтото место на 43-то издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој. Натпреварите од последното коло, во фазата по групи, го донесоа најголемото изненадување на турнирот, Пик Сегед го победи фаворизираниот Гумерсбах со 31:29 и го освои првото место во Б групата. Гумерсбах е втор, а Металург кој забележа очекувана победа над АЕК од 26:18 и се пласира на третото место. Во победата на Металург над АЕК особено се истакна Марковиќ кој мечот го заврши со 12 постигнати голови. За првото место на турнирот ќе се борат Барселона и Пик Сегед, Гумерсбах и Шамбери ќе играат во мечот за третото место, додека домаќинот Слога и АЕК ќе се борат за избегнување на последното место на турнирот. крај/balkan-handball/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Не се сеќава на последните шест недели по бруталниот нокаут

Јапонскиот боксер Џин Сасаки го доживеа најтешкиот нокаут во својата кариера изминатиот викенд за време на борбата за светската титула во велтер категорија на ВБО.
Во петтата рунда, Сасаки доби силен кроше во главата од својот противник, Брајан Норман Џуниор, кој веднаш го онесвести.
За време на падот, Сасаки ја удри главата во подот од рингот, што предизвика сериозни здравствени проблеми.
„Не само што не се сеќава на самата борба, туку дури и не се сеќава дека борбата била договорена. Не се сеќава на ништо што се случило во последните шест недели“, откри претседателот на клубот чии член е Сакаи Исеи Накаја во интервју за британски „Сан“.
Спорт
(Видео) Му се скина шорцот, не можеше да го скрие пе…от, сепак победи на 400 метри со пречки

Митингот на Златната лига во Острава, одржан во вторник, ќе биде запаметен по лошата среќа што го снајде Крис Робинсон за време на трката на 400 метри со пречки.
Проблемите на Робинсон започнаа рано во трката кога му се скина шорцот.
Прескокнувајќи ги пречките Робинсон ѝ го покажуваше на публиката она што јавно не се покажува.
И на крајот успеа да победи на одличен начин, со премет нанапред и со голема насмевка затоа што беше свесен како целата трка им изгледаше на сите покрај теренот.
Погледнете сами, ако ништо друго, барем ќе ве насмее.
Спорт
Ирвнг доби 119 милиони долари од Далас

Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата ќе остане во Далас Маверикс.
Освојувачот на шампионскиот прстен со Кливленд Кавалирс и франшизата од Тексас потпишаа тригодишен договор вреден 119 милиони долари. Кајри ја намали својата плата од 43 на 39 милиони долари, а последната година од договорот се активира на барање на играчот, односно кошаркарот ќе има можност да го тестира пазарот.
Далас ќе има респектабилен состав, покрај Ирвинг тука се Ентони Дејвис и Клеј Томпсон, а она што е важно за нив е што тие први ќе избраат на претстојниот драфт.
Откако Ирвинг го потпиша договорот, Далас објави дека Спенсер Динвиди, Кеслер Едвардс, Кај Џонс и Данте Ексум ќе си заминат како слободни играчи.