Спорт
Купот на африканските нации 2013 од Либија во Ј.А.Р

Поради актуелната состојба на граѓанска војна во која се наоѓа Либија, фудбалскиот сојуз на оваа земја се договори со фудбалскиот сојуз на Јужна Африка, Африканскиот куп на нации во 2013 година што требаше да се одржи во Либија, да се пресели во ЈАР .
Поради актуелната состојба на граѓанска војна во која се наоѓа Либија, фудбалскиот сојуз на оваа земја се договори со фудбалскиот сојуз на Јужна Африка, Африканскиот куп на нации во 2013 година што требаше да се одржи во Либија, да се пресели во ЈАР .Двата сојуза се договорија доколку биде стабилизирана ситуацијата во Либија таа повторно да ја добие организацијата, но за Купот во 2017 година. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Никола Јокиќ ќе игра на Европското првенство

Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс ќе игра за Србија на претстојното Европско првенство.
Ова го напиша американскиот новинар Иван Сидери, кој работи за Форбс.
„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со голем влог. Евробаскетот секогаш го исполнува тоа“, напиша Сидери.
Американските медиуми очигледно знаат нешто, што сè уште не го знаат ниту во Србија, бидејќи дури ни српските репрезентативци не можеа да потврдат дека најдобриот играч на светот ќе игра за репрезентацијата.
Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември во четири земји.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Американски милијардер ја купува Риека

Актуелниот хрватски шампион Риека би можел да добие нов сопственик во наредниот период – веќе се преземени одредени конкретни чекори во таа насока.
Хрватските медиуми, поточно „Јутарњи лист“, донесуваат ексклузива, американскиот милијардер Бил Фоли е заинтересиран за купување на Риека.
И не само што е заинтересиран, туку во изминатите неколку дена испратил цел тим соработници во Хрватска да се запознаат со ситуацијата.
„Во сенка на почетокот на квалификациите за Лигата на шампионите, односно подготовките за новото првенство, во Риека се случуваат многу интересни работи. Како што дознавме по телефонски повик од Острва, од колега кој сакал да провери некои информации за Риека, актуелниот сопственик на двојната круна, ХНК Риека, има реална (конкретна) шанса наскоро да ги смени сопствениците“, пишува споменатиот хрватски медиум.
Фоли е сопственик на неколку спортски клубови во Америка, Австралија и Европа. Меѓу другото, Фоли е сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Борнмут, португалскиот Мореиренсе, австралискиот Оукленд, а е и ко-сопственик на шкотскиот Хиребнијан и францускиот Лориен.
Богатството Фоли го стекнал во финансиската индустрија, а работел и како адвокат, особено успешен во осигурителниот бизнис.
Преку компанијата „Блек Најт Фудбал енд Ентертејнмент“, тој почнал сериозно да инвестира во европскиот фудбал од 2022 година. Платил 100 милиони фунти за да го преземе Борнмут и ја презел улогата на претседател на клубот. Иако има 80 години, тој е многу витален и посветен на бизнисот.
Пред две години, Форбс го проценил неговото богатство на 1,6 милијарди евра.
Спорт
Тер Штеген е во војна со Барселона – Намерно објави лажни детали за својата операција

Тензиите меѓу Барселона и германскиот голман Марк-Андре тер Штеген продолжуваат. Барселона веќе некое време се обидува да се ослободи од германскиот голман, а на неговата позиција го потпиша Шпанецот Џоан Гарсија, а договорот со Војчех Шченсни беше продолжен.
И покрај притисокот од клубот, Тер Штеген одби да ја напушти Барселона, а сега, со својот последен потег, дополнително ја влоши ситуацијата.
Во официјалното соопштение за претстојната операција, Тер Штеген изјави дека ќе биде надвор од терените три месеци. Оваа информација е клучна, бидејќи според правилата на Ла Лига, повредата не се смета за долгорочна ако закрепнувањето е пократко од четири месеци.
Затоа, Барселона не може да ја ослободи неговата висока плата од буџетот за да ги исполни правилата на финансискиот фер-плеј.
Според информациите од шпанските медиуми, медицинската служба на клубот има поинаква проценка. Тие веруваат дека закрепнувањето, со оглед на тоа што станува збор за повторена повреда во веќе оперирана област, ќе трае помеѓу четири и пет месеци.
Ова соопштение само покажува дека голманот е во „војна“ со клубот, велат тие. Доколку закрепнувањето на Тер Штеген се проценува на четири месеци, клубот би можел да искористи 80% од неговата плата, една од највисоките во тимот, за да потпише нови засилувања како Џоан Гарсија и Маркус Рашфорд.
Поради сето ова, Барселона се најде во необична ситуација. Моментално, единствениот голман достапен за првиот натпревар од сезоната против Мајорка на 16 август е Ињаки Пења.
Засилувањата на голот Џоан Гарсија и Војчех Шченсни сè уште не се регистрирани бидејќи клубот нема место во буџетот за плати. Тренерот Ханси Флик затоа беше принуден да го земе Пења на азиска турнеја и привремено да го запре неговото планирано заминување од клубот.
Фото/ Принтскрин