Спорт
Оскар Писториус не се пласира во финалето

Човекот кој влезе во историјата на атлетиката како прв инвалидизиран атлетичар кој настапил на СП во конкуренција со здравите атлетичари, Јужноафриканецот Оскар Писториус не се пласира во финалната трка на 400 метри.
Човекот кој влезе во историјата на атлетиката како прв инвалидизиран атлетичар кој настапил на СП во конкуренција со здравите атлетичари, Јужноафриканецот Оскар Писториус не се пласира во финалната трка на 400 метри.Во својата група од полуфиналните пресметки атлетичарот наречен Блејд Ранер имаше слаб старт и не успеа да го фати потребниот ритам па стигна последен со време од 46.19 секунди и во конечниот пласман е 15-ти во светот во оваа дисциплина.Натпреварите сепак уште не се завршени за овој атлетичар, кому двете нозе му се ампутирани уште додека бил бебе. Со специјалните протези, Писториус ќе настапи во штафетата на Јужна Африка во трките 4 х 400 метри. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.