Спорт
Кармелија Џетер најбрза спринтерка на планетата

Кармелита Џетер од САД е новата светска шампионка во дисциплината 100 метри откако во финалето победи со време од 10,90 секунди. Вероника Кембел Браун од Јамајка на целта пристигна втора (10,97) само една стотинка побрзо од третопласираната Кели Ен Баптист
Кармелита Џетер од САД е новата светска шампионка во дисциплината 100 метри откако во финалето победи со време од 10,90 секунди. Вероника Кембел Браун од Јамајка на целта пристигна втора (10,97) само една стотинка побрзо од третопласираната Кели Ен Баптист од Тринидад и Тобаго.Во женска конкуренција се одржа и финалето на 400 метри во кое титулата и припадна на Амантле Мончо од Боцвана. Таа истрча круг со време 49,56 секунди, три стотинки подобро од второпласираната Алисон Феликс од САД. Бронзениот медал и припадна на Русинката Анастасија Капачинскаја (50,24 сек.).Мажите ја трчаа финалната трка во дисциплината 110 метри со пречки. Дејрон Роблс од Куба го освои златото со време 13,14 секунди. Второпласираниот Џејсон Ричардсон од САД заостана 2 стотинки. Бронза за Кина донесе Лиу Ксианг (13,27 сек.).Заврши и финалето во фрлање кладиво. Најголема далечина оствари Јапонецот Који Мурофуши, 81,24 метри. Сребрен медал освои Унгарецот Кристијан Парс со шест сантиметри послабо фрлање, а Словенецот Примож Козмус освои бронза за својата земја со далечина 79,39 метри.крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.