Спорт
Јужни и Додиг во аут

Михаил Јужни (16 носител) и Иван Додиг (32) единствени од носителите испаднаа во синоќешните мечеви од првото коло на Отвореното првенство на САД. Јужни загуби од Ернст Гулбис со 6:2, 6:4, 6:4, а Додиг од Николај Давиденко со 6:7 (6), 6:3, 6:0, 2:6, 6:2.
Михаил Јужни (16 носител) и Иван Додиг (32) единствени од носителите испаднаа во синоќешните мечеви од првото коло на Отвореното првенство на САД. Јужни загуби од Ернст Гулбис со 6:2, 6:4, 6:4, а Додиг од Николај Давиденко со 6:7 (6), 6:3, 6:0, 2:6, 6:2.Останати мечеви 1 коло мажи:Новак Ѓоковиќ – Конор Ниланд 6:0, 5.1 пред.Жо Вилфред Цонга (11) – Лу Јен Хсун 6:4, 6:4, 6:4Сергеј Бубка – Андреас Хајдер Маурер 6:3, 6:2, 3:6, 6:4Давид Ферер (5) – Игор Андреев 2:6, 6:3, 6:0, 6:4Потито Стараче – Михаел Берер 6:4, 4:6, 6:3, 6:2Марсел Илхан – Френк Данчевиќ 6.3, 6:2, 1:0 пред.Игор Куницин – Матијас бацингер 2:6, 1:6, 6:1, 6:4, 6:4Јирген Мелцер (17) – Ерик Продон 6:2, 7:6 (4), 6:2Доналд јанг – Лукаш Лацко 6:4, 6:2, 6:4Станислас Вавринка (14) – Максимо Гонзалес 3:6, 6:4, 6:1, 6:3Хуан Игнасио Чела (24) – Маринко Матошевиќ 3:1 пред.Жил Милер – Едуар Роже Васелин 7:6 (5), 6:4, 6:4. крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.