Спорт
Фудбал: Македонија не ја изненади Русија во Москва
Добрата игра на македонските фудбалски репрезентативци на московскиот стадион „Лужники“, сепак не беше доволно да се постигне поволен резултат, и тоа на теренот на фаворизираниот противник. Русија славеше со 1:0.
Добрата игра на македонските фудбалски репрезентативци на московскиот стадион „Лужники“, сепак не беше доволно да се постигне поволен резултат, и тоа на теренот на фаворизираниот противник. Русија славеше со 1:0.Творец на победата на Русија е играчот од средината на теренот, Игор Семшов кој беше прецизен во 41 минута од мечот. На голот му претходеше сомнителна ситуација во шеснаесетникот на домашните, кога беше соборен македонскиот капитен Горан Пандев. Фаулот не беше санкциониран со удар од белата точка од страна на судијата од Турција, но за протестот Пандев заработи жолт картон и нема да настапи во Скопје на 6-ти септември против Андора. Русија со ова во Групата В за квалификациите на Европското фудбалско првенство има 16 бодови, и моментално е на првото место. Во Даблин во рамките на нашата група денеска меѓу себе играат и репрезентациите на Ирска и Словачка, кои имаат по 13 бодови.Македонија одамна ги загуби сите шанси за добар пласман во овој квалификациски турнус, и останува на петтата позиција со четири бодови. Вечерва во Москва мечот за Македонија го почнаа Мартин Богатинов, Ванчо Шиков, Горан Попов, Николче Новевски, Иван Тричковски, Величе Шумоликоски, Мухамед Демири, Горан Пандев, Агим Ибраими, Даниел Георгиевски и Мирко Ивановски.Русија стартуваше со Вјачеслав Малафеев кој меѓу стативите го замени стандардниот руски голман Акинфеев и се чини тоа го стори многу успешно одбранувајќи неколку удари на македонските напаѓачи. Алексеј и Василиј Березуцкиј беа во бековската линија, а пред нив првата линија на руската одбрана ја сочинуваа Александар Анјуков, Јуриј Жирков и Игор Семшов. Рускиот селектор Дик Адвокат, во нападот ги постави Игор Денисов, Роман Широков, Константин Зирјанов, Андреј Аршавин и Алекснадар Кержаков.Адвокат сакајќи да ја отстрани секоја можност од изненадување во второто полувреме наместо стрелецот Игор Семшов во игра го внесе напаѓачот Роман Пављученко, со што го пренесе тежиштето на играта на противничката половина. Но, и во второто полувреме првата можност да се загрози противничкиот гол ја имаше Георгиевски, во 47 минута, а во следната минута Кержаков излезе сам пред македонскиот голман Богатинов, кој имаше уште една добра интервенција, но овојпат повеќе благодарејќи на неснаодливоста на рускиот напаѓач. Македонските репрезентативци во вториот дел играа за ниво во послабо темпо отколку во првото полувреме, што сепак беше резултат и на формацијата што во вторите 45 минути ја изведе рускиот селектор. Сепак, повторно сериозна прилика имаше повторно Македонија преку Мухамед Демири кој во 53 минута силно се проби но не успеа да го совлада Малафеев. На спротивната страна во 59 минута успешно интервенираше Богатинов, кој спречи Жирков да го зголеми водството на Русите. До крајот на мечот руските фудбалери ја имаа доминацијата, решени да ја остварат победата којашто може да се покаже како многу значајна во настојувањата да се квалификуваат за ЕП во Полска и Унгарија во 2012 година. Новиот селектор Џон Тошак, кому ова му беше официјално деби на клупата на македонската репрезентација, во вториот дел од второто полувреме се реши да им даде шанса да ја почувствуваат атмосферата и на младите Феран Хасани кој во 66 минута го замени Ибраими, Александар Трајковски во 75 минута влезе на местто од Ивановски, а Муарем Муареми ги одигра последните десет минути заменувајќи го Шумоликоски./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

