Спорт
Македонија оствари историска победа над Грција
Македонија, Македонија одекнуваше гордо во салата во Аритус од грлата на околу 150 навивачи, кои бурно ги поздравија македонските кошаркари, по историската победа над Грција.
Македонија, Македонија одекнуваше гордо во салата во Аритус од грлата на околу 150 навивачи, кои бурно ги поздравија македонските кошаркари, по историската победа над Грција.Репрезентативците на Македонија буквално изгинаа на теренот и заслужено ја растурија Грција со 72:58 во рамките од трето коло во групата Ц од Европското првенство, што се одржува во Литванија.Победата беше остварена благодарение на извонредната и пожртвуваната игра на македонските кошаркари во одбраната, кои на противникот му дозволија да постигне помалку од 60 поени.Голема заслуга за историскиот успех има натурализираниот Македонец Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 27 поени. Перо Антиќ даде 12 коша, а имаше и осум скока. Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски постигнаа по 11 поени, а особено важни беа трите тројки на Чековски, во клучните моменти од натпреварот.Победата над Грција е од огромно значење, не само поради големиот политички спор помеѓу двете држави, туку и поради фактот што нашиот сосед важи за кошаркарска велесила и двапати бил европски шампион.Дека победата на македонските кошаркари претставува големо изненадување, па дури и сензација во кошаркарскиот свет, говори и фактот што во обложувалниците коефициентот за победа на Македонија надминуваше пет.Со оваа победа Македонија ширум ги отвори вратите за пласман во наредниот круг, а ваквата игра влева оптимизам и дека може да се обезбеди настап во четвртфиналето.Многумина со недоверба ја примија изјавата на селекторот Марин Докузовски, пред почетокот на првенството, кој тврдеше дека на Македонија повеќе и лежи играта на Грција, отколку на Црна Гора, од која и бевме поразени на стартот на првенството.По денешниот натпревар веќе нема непоразени репрезентации во нашата група, а состојбата дополнително ја закопликува Финска, која ја совлада со 28 разлика Босна и Херцеговина (БиХ).Токму на натпреварите против овие две репрезентации, Македонија ќе брка една победа, што ќе и овозможи пласман во наредниот круг. /крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Руиз ќе го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен и Фабијан Руиз се согласија за сите услови во врска со продолжувањето на соработката.
Новинарот Матео Морето, денес потврди дека сè е подготвено Фабијан Руиз да потпише до летото 2029 година.
Репрезентативецот на Шпанија беше поврзан со бројни клубови, го канеа во Турција, дури и Реал Мадрид беше споменат претходно, но впечатокот е дека на Руиз му е најдобро во Париз.
Тој пристигна во ПСЖ, во летото 2022 година за 22.500.000 евра од Наполи и сега е легенда на „Светците“. Одигра 155 натпревари за ПСЖ, постигна 16 гола со 24 асистенции и ги освои сите можни трофеи.
Заедно со Витиња и Жоао Невес, тој е дел од трио во средината на теренот и Луис Енрике не сакаше да го остане без сонародникот.
Договорот на Руиз истекува во летото 2027 година, и затоа ПСЖ сакаше да ја затвори приказната на време, за да не му дозволи да влезе во последната година по завршувањето на сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ал-Итихад му нуди на Меси бланко чек
Претседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, повторно ја изрази својата желба да го доведе Лионел Меси, наведувајќи дека е подготвен да му понуди на аргентинскиот фудбалер бланко чек. Светските медиуми објавуваат изјави во кои Ал Хаили истакнува дека парите нема да бидат пречка за реализација на овој трансфер.
Ал Хаили наводно е подготвен да му дозволи на Меси самиот да ги одреди финансиските услови и времетраењето на договорот.
„Доколку Меси сака да потпише за Ал-Итихад, ќе му дадам бланко чек на кој може да напише која било сума, со договор за кој било период што ќе го избере, дури може договорот да биде доживотен“, рече Хејли.
Тој додаде дека доаѓањето на Меси би било од големо значење за клубот: „Доколку Меси го носи дресот на Ал-Итихад тука во Саудиска Арабија, парите немаше да ми значат ништо. Ќе ја славевме лигата пред да започне, бидејќи ќе го имав најдобриот играч во историјата на фудбалот.“
Претседателот на Ал-Итихад потврди дека веќе се обидел да го ангажира Меси претходно, по неговото заминување од Париз:
„Да, го контактирав кога му истече договорот со Париз и му понудив договор од 1,4 милијарди евра, односно 88 милиони евра годишно, но тој одби без дури ни да ја слушне понудата бидејќи неговото семејство ја претпочиташе Америка. Го почитувам тоа и вратите на Ал-Итихад секогаш му се отворени кога и сака да дојде“, рече Ал Хаили и дополни:
„Повеќе нема да се насочуваме кон бројки, едноставно ќе му дадам на Меси бланко чек да напише што сака. Тоа е најдобриот начин“.
И покрај великодушната финансиска понуда, се смета дека преселбата на Меси во Саудиска Арабија е малку веројатна. Аргентинскиот фудбалер се прилагоди на животот во Соединетите Американски Држави, каде што живее со своето семејство, а неодамна тој го продолжи договорот со Интер Мајами.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рома за 19-годишник ќе плати 25 милиони евра
Рома, помалку неочекувано по првиот дел од сезоната е легитимен кандидат во борбата за титулата во Серија А, но нивната примарна цел е да изборат место во Лигата на шампионите.
Во Рим открија дека им е потребно освежување во нападот, па почнаа да бараат засилувања. Главни мети беа Џакомо Распадори и Џошуа Зиркзе, но тие завршија неуспешно. Распадори ќе се пресели во Аталанта, додека нема назнаки дека Манчестер Јунајтед ќе прифати понуда за Зиркзе.
Во меѓувреме, Рома, најде засилување во нападот. Изборот е талентираниот 19-годишен, Рибинио Ваз. Играчот блесна сезонава во Олимпик Марсеј. Рома се согласи да плати 25 милиони евра.
Останува да се дефинираат личните услови и 19-годишниот напаѓач официјално да стане играч на италијанскиот клуб.
Во исто време, челниците на клубот од Рим преговараат и со Дониел Мален од Астон Вила. Холанѓнецот би требало да пристигне во Рома на позајмица, со право на откуп.
Foto/ depositphotos

