Спорт
СП Атлетика: Американките најдобри во штафетата 4х100

Американските тркачки Бјанка Најт, Алисон Феликс, Маршавет Мајерс и Кармелите Џефер, се новите светски шампионки во атлетика во женската штафета 4х100 метри на првенството во јужнокорејскиот град Даегу.
Американските тркачки Бјанка Најт, Алисон Феликс, Маршавет Мајерс и Кармелите Џефер, се новите светски шампионки во атлетика во женската штафета 4х100 метри на првенството во јужнокорејскиот град Даегу. Американките во финалната трка дојдоа до победата со одлично време од 41,56 секунди, што е само 19 стотинки послабо од 26 години стариот рекорд што го постави штафетата на поранешна Источна Германија, и преставува најдобар резултат во последните 14 години. Среброто на Светското првенство во атлетика во Даегу ја освои штафетата на Јамајка,, Ѓели-Ен Ферјзер-Прајс, Керон Стјуард, Шерон Симпсон и Вероника Кемпбел-Браун со нов национален рекорд од 41,70 секунди, а Украинките станаа бронзени, во состав Олесја Повх, Наталија Похребњак, Марија Рјемне и Христина Стуј со време од 42,51 секунди. Натаму од четвртата до осмата позиција по редослед се пласираа следните штафети: Тринидад и Тобаго, Франција, Русија, Нигерија и Бразил./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Шумарите“ подготвени да го урнат клупскиот рекорд

Нотингем Форест не се шегува. Откако клубот продаде неколку важни фудбалери, ја започна кампања за купување, со цел да остане на врвот на Премиер лигата следната сезона и да се претстави во Европа на вистински начин.
Клубот е во завршни преговори за трансферот на ред Џејкоб Ремзи од Астон Вила.
Трансферот би можел да се реализира за сума од 58.000.000 евра, со Ремзи би станал најскапото засилување во историјата на клубот.
Според британските новинари, се очекува сите детали од трансферот да бидат финализирани во следните неколку дена, по што Ремзи ќе помине медицински прегледи и официјално ќе стане член на Форест.
Фото/Принтскрин
Спорт
Вардар го дозна противникот во 3.коло

Вардар го дозна името на противникот во третото квалификациско коло, во Конференциската лига. Доколку, во втората рунда, Вардар ја елиминира Лозана, во третото коло ќе се сретне со победникот од двомечот меѓу Зимбру (Молдавија) и Астана (Казахстан).
Првиот меч од втората рунда, против Лозана,Вардар ќе го одигра в четврток во Скопје. Реваншот во Швајцарија на програмата е на 31 јули.
Во третата рунда, Вардар исто така би бил домаќин на првиот натпревар (7 август).
Фото/ ffm.mk
Спорт
Де Брујне сепак нема да ја носи „десетката“ во Наполи

Кевин Де Брујне, сепак, нема да го носи бројот „десет“ во Наполи. Белгиецот ќе го носи бројот единаесет.
Клубот од Неапол го повлече бројот пред пет години во чест на легендарниот Диего Марадона.
Доаѓањето на Де Брујне го покрена прашањето кој број ќе го носи. Во Манчестер сити, тој го носеше бројот 17 цела деценија, но во Наполи му припаѓа на Матијас Оливера.
На социјалните мрежи се појавија фотографии од Де Брујне како носи број 10 на тренингот на Наполи. Во едно видео, еден од тренерите на Наполи може да се види како му дава на видливо збунетиот Белгиец дрес со број 10, кој одбива да го прифати.
„Не грижи се, тоа е само за тренинг“, рече помошникот тренер.
Де Брујне го доби дресот со број единаесет што го носеше неговиот соиграч од Белгија, Ромелу Лукаку, минатата сезона.
Лукаку го зеде бројот девет од Ноа Окафор, кој се врати во Милан по позајмица.
Фото/ Принтскрин