Спорт
Македонија гледа кон четвртфинале
Голем оптимизам владее во таборот на македонската кошаркарска репрезентација дека ќе биде помината и наредната фаза од Европското првенство и ќе биде изборен историски пласман во четвртфиналето.
Голем оптимизам владее во таборот на македонската кошаркарска репрезентација дека ќе биде помината и наредната фаза од Европското првенство и ќе биде изборен историски пласман во четвртфиналето.Оптимизмот дека веќе на првиот натпревар против Грузија ќе биде изборена посакуваната победа, која ќе гарантира пласман во следната рунда, дополнително е подгреан по информацијата дека најдобриот грузиски репрезентативец, Заза Пачулија, најверојатно нема да настапи против Македонија.Од раководството на репрезентацијата истакнуваат дека радува податокот што нашите кошаркари се приземјени и покрај големата еуфорија што владее по остварените историски четири победи, со што Македонија го зазеде првото место во групата Ц и во наредната фаза влезе со максимални четири бода.„Свесни сме за шансата што ни се пружа, особено по информацијата која ја добивме и која вели дека најдобриот играч на Грузија веројатно нема да може да настапи во дуелот во четврток. Ова ни дава уште една можност да размислуваме дека можеме уште на првиот натпревар да ја обезбедиме посакуваната една победа и да се пласираме меѓу најдобрите осум“, вели директорот на репрезентацијата, Врбица Стефанов.Стартот на првиот меч против Грузија е закажан за 14.30, вториот дуел во кој противник ни е Словенија на 10 септември го играме од 17 часот, додека последниот натпревар против Русија на 12 септември почнува во 20 часот.Сите натпревари од втората фаза на Евробаскетот ќе се играат во „Сименс“ арената во Вилнус, која и има капацитет од 11.000 седишта. За натпреварите на Македонија има неофицијални најави дека ќе пристигнат повеќе 400 нови фанови кои ќе бидат присутни во арената и кои ќе дадат максимална поддршка на нашата селекција. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лунин го однесе Реал во полуфиналето – Европа ќе добие нов шампион
Реал Мадрид го елиминира европскиот првак Манчестер сити во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, во Манчестер, го доби пенал рулетот со 4:3, откако во основниот дел и во дополнителните 30 минути натпреварот заврши 1:1. Херој на победата е голманот Луни кој во пенал серијата ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Ковачиќ.
Четвртфиналниот реванш на „Етихад“ се движеше во еден смер. Сити напаѓаше во текот на целиот натпревар, Реал во најголемиот дел се бранеше во низок блок, на 20-25 метри од голот.
Намерата на Анчелоти беше јасна да се одбрани својот гол, а према напред да се бара шанса преку контранапади. И таквата определба му донесе гол од првата шанса. Во 12.минута Родриго од втора го совлада Едерсон.
Сити и покрај тоа што напаѓаше не успеа да створи многу чисти шанси. Во првиот дел најдобрата ја пропушти Халанд кога ја погоди гредата.
Притосокот на Сити вроди со плод во 76.минута, кога по ударот на Доку, Ридигер лошо реагираше, а одбиената топка во голот ја смести Де Брујне.
Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа ПСЖ и Борусија Дортмунд.
Спорт
(Видео) Баерн преку Арсенал до полуфиналето во ЛШ
Баерн Минхен ќе игра во полуфиналето, во Лигата на шампионите, откако во реваншот го победи Арсенал со 1:0. Првиот натпревар на „Емирати“, во Лондон, заврши 2:2.
Важноста на натпреварот, иницираше тактичка брба од двете страни. Арсенал беа малку поофанзивни во привот дел, Баерн шансите ги бараше преку контранападите. Со исклучок на ударот на Мартинели во првото полувреме немаше ниту една шанса
Баерн беше тој кој прв се закани во вториот дел. Во еден напад два пати се тресеше рамката на голот на Арсенал. Најпрвин Горецка ја погоди гредата,а поттоа Гереиро биеше во стативата.
Арсенал имаа среќа во оваа ситуација, но среќата ги напушти во 64.минута кога центрашутот на Гереиро, Кимих од 11 метри со глава го совлада Раја.
До крајот Тухел со измените што ги направи добро ги затвори приодите кон голот на Ноер и Баерн успеа да ја одбрани победата.
Спорт
МЗТ влезе во полуфиналето во АБА2 лигата
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот, во АБА 2 лигата. МЗТ загуби од Широки со 70:68 и со +13 влезе во полуфиналето Првиот натпревар во Скопје заврши со победа на МЗТ со 85:69.
На гости кај Широки кошаркарите на МЗТ одиграа лошо прво и одлично втро полувреме. Широки во втората четвртина имаше предност од 15 поени, на полувреме таа изнесуваше 11. Првиот дел со тројка го заклучи Војдан Стојановски.
Во вториот дел играчите на МЗТ ја стигнаа предноста на Широки, имаа водство 65:64 на четири минути до крајот по што беше јасно кој ќе излезе како победник од овој двомеч.
МЗТ на овој натпревар го предводеше Делалиќ со 18 поени, четири скока и две украдени топки, браќата Стојановски постигнаа по 13 коша, имаа по три асистенции, Дамјан имаше осум, а Војдан три скока. Двоцифрен со 10 поени беше и Баковиќ.
МЗТ во полуфиналето ќе игра прптив Спартак.