Спорт
Мурињо: Ниедна моја екипа не беше како Реал

Португалскиот фудбалски тренер кој сега го предводи славниот шпански фудбалски гигант Реал Мадрид, во големото интервју што го даде за португалската агенција LUSA нагласува дека минатата сезона на клупата на „кралевите“ била најдобрата во неговата досегашна кариера
Португалскиот фудбалски тренер кој сега го предводи славниот шпански фудбалски гигант Реал Мадрид, во големото интервју што го даде за португалската агенција LUSA нагласува дека минатата сезона на клупата на „кралевите“ била најдобрата во неговата досегашна кариера, иако не освои ниеден значаен трофеј. „Го освоивме Купот на Кралот, бевме втори во првенството и стигнавме до полуфиналето од Лигата на шампионите, Повеќе од тоа не можевме да оствариме, бидејќи не ни дозволија“, вели Мурињо.„Ниедна екипа којашто ја водев досега не освои толку бодови, постигнала толку голови ниту остварила толку победи како Реал. Беше тоа моето најдобро првенство што го имав, навистина беше многу добро“, нагласува Жозе Мурињо.Реал Мадрид ова лето на засилувања потроши 55 милиони евра, доведувајќи ги на „Сантјаго Бернабеу“ Фабио Коентрао од португалска Бенфика за 30 милиони евра, и Нури Сахин од германската Борусија Дортмунд за 10 милиони, коклу што чинеше и трансферот на Рафаел Варан од француски Ленс, за Хозе Марија Каљехон Реал на Еспањол му плати пет милини евра, додека Хамит Алтинтоп од минхенски Баерн дојде во редовите на мадридските „кралеви“ без отштета. „Можени се чини необично, но Реал Мадрид потроши малку, иако можеше да потроши многу повеќе. Не трошевме бидејќи немаше причина. Изборот на фудбалери во минатата сезона се покажа добар, па не беа потребни радикални промени“, дополни Мурињо./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.
Спорт
Ал Наср го отпушти Сетфано Пиоли

Италијанецот Стефано Пиоли повеќе не е тренер на саудискиот фудбалски клуб Ал Наср.
„Пиоли и неговите соработници повеќе не се во тренерскиот штаб на првиот тим“, се вели во соопштението на Ал Наср.
Италијанските медиуми шпекулираат дека Пиоли ќе се врати во Италија и ќе ја преземе Фиорентина.
Тој ја водеше Фиорентина две сезони, до 2019 година, а потоа пет години го водеше Милан, со кого ја освои титулата во Серија А. Тој го напушти Милан на крајот од сезоната 2023/24 и го презеде Ал Наср неколку месеци подоцна, кога Луис Кастро беше отпуштен.
Договорот на играчот на Ал Наср, Кристијано Роналдо, со клубот истекува во понеделник, но јасно е дека Португалецот ќе ја продолжи соработката.
Ал Наср не бил шампион од 2019 година, а откако Роналдо пристигна пред две и пол години, клубот смени три тренери.
Тимот го освои третото место во првенството оваа сезона и ќе игра во Азиската Лига на шампиони.
Спорт
Хендерсон се договорил со Нотингем Форест

Џордан Хендерсон ќе биде првото засилување на Нотингем Форест во летниот преоден рок.
Поранешниот англиски репрезентативец и легенда на Ливерпул постигна принципиелен договор со „шумарите“. Наскоро ќе потпише двегодишен договор.
Хендерсон се враќа во Премиер лигата по три години. Претходно играше за Ал Етифак во Саудиска Арабија и Ајакс.