Спорт
Почина хокеарот што ја преживеа авионската несреќа во Русија
Хокеарот на „Локомотив“, Александар Галимов кој се здоби со тешки повреди во авионската несреќа крај градот Јарослав, единствениот преживеан од тимот, во понеделникот наутро почина во институтот за хирургија во Москва.
Хокеарот на „Локомотив“, Александар Галимов кој се здоби со тешки повреди во авионската несреќа крај градот Јарослав, единствениот преживеан од тимот, во понеделникот наутро почина во институтот за хирургија во Москва.Како што се наведува во соопштението на болницата што го цитира агенцијата РИА Новости, и покрај тековната терапија со користење на сите можни современи третмани за изгореници во Институтот за хирургија „Вишневски“, 26-годишниот Александар Галимов починал од здобиените изгореници.Авионот од типот „јак-42“ со кој патуваше целата хокеарска екипа на „Локомотив“, се урна на 7-ми септември во регионот на Јарослав. Во авионската несреќа загинаа речиси целиот тим на „Локомотив“ кој патуваше на натпревар во Минск со тамошниот „Динамо“ во рамките на Континенталната хокеарска лига. Во хаваријата загинаа вкупно 45, лица: 37 патници и осум членови на екипажот. Несреќата ја преживеаја двајца, хокеарот и интендантот Александар Сизов. Според досегашните сознанија, причина за несреќата се неисправност на леталото и грешка на пилотот.Двајцата спасувачи од руското министерство за вонредни ситуации само минута по катастрофата пристигнале на местото, забележале дека од делот на авионот кој паднал во реката Волга се движат двајца мажи за кои отпрво сметале дека се рибари. Според нив Галимов бил во свесна состојба, зборувал и се движел сигурно, но имал многу тешки изгореници, а тие му помогнале да се качи во чамецот за спасување.Според еден од спасувачите, Галимов со силните изгореници чувствувал студ и барал да го покријат со ќебе, а тие до патот до болницата во Јарослав постојано зборувале со него за да не падне во бесознание. „Тој се однесуваше многу храбро, точно знаеше што се случува“, вели спасувачот Дмитриј Коноплев.Еден ден по несреќата, Галимов и Сизов беа префрлени со специјален авион за реанимација во Москва, каде што во нивниот третман беа вклучени водечките експерти од Институтот за хирургија „Вишневски“ и од Институтот за итна медицинска помош во вонредни ситуации „Склифосовски“. Меѓутоа, Галимов се здоби изгореници на 90 отсто од телото.„Тој почина утрово. Причината е застој на срцето. Ние сторивме се’ што е возможно.“, изјави началникот на институтот „Вишневски“, Андреј Алексеев, кој претходно за новинарите изјави дека состојбата на пациентот се влошува.Александар Глимов, е роден во Јарослав на 2 мај 1985 година. Хокеј на мраз почнал да игра од 5-годишна возраст во младинските селекции на јарославски „Локомотив“. По неколку години минати во детските и младинските екипи со кои трипати го освојува шампионатот на Русија за овие категории, во 2004 година дебитира за сениорскиот тим на „Локомотив“. Како дел од тимот во 2008 и 2009 година станува вицешампион Русија, а во 2005 и 2011 година беше трет во силното руско првенство.Со младинската репрезентација на Русија, Галимов го освои сребрениот медал Светското првенство (2005). Во правата селекција на Русија дебитираше на Купот Карјала одигрувајќи три меча.Руските хокеарски стручњаци сметаа дека на Галимов кој зад себе остави сопруга и ќеркичка, доправа му претстоеја ѕвездените моменти./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

