Спорт
Илиевски за историско полуфинале
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ја испиша историјата, победувајќи ја Литванија на нејзин терен, со што обезбеди пласман во полуфиналето и борба за медал.
Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва ја испиша историјата, победувајќи ја Литванија на нејзин терен, со што обезбеди пласман во полуфиналето и борба за медал.Македонија жестоко се бореше на и теренот и повторно одигра повеќе од феноменално во одбраната против најпрецизната селекција на турнирот, што се покажа клучно за конечниот резултат 67:65 (18:20, 12:14,19:18, 18:13) за нашата репрезентација.Покрај ова, Македонија обезбеди и најмалку влез во квалификациите за наредните Олимписки игри, што ќе се одржат во Лондон.Јунак на натпреварот е бекот Владо Илиевски, чија рака беше смирена во решавчките моменти на натпреварот.Најнапред Илиевски на 11 секунди до крајот стрелаше прецизно за три поени, со што ја доведе Македонија за прв пат на натпреварот во водство од 66:65. Потоа, Илиевски освои топка во одбраната и врз него беше направен прекршок. Илиевски смирено го реализира првото слободно фрлање, по што намерно го промаши второто фрлање за да не и остави време за напад на Литванија. Домашната репрезентација водеше во најголемиот дел од натпреварот, но не успеа да се одлепи. Македонија во третата четврти во два наврати израмни, имаше и неколку можности за водство, но без успех. Сепак, Македонија прв пат поведе на мечот, кога беше најзначајно во последните секунди.Лестер Бо Мекејлеб беше најефикасен со 23 поени. Особено клучни беа неговите влезови, во моментите кога Македонија бркаше резултатски приклучок. Извонредни заслуги за успехот има и Војдан Стојановски, кој постигна 15 поени, стрелајќи непогрешно од линијата за три поени 5/5. Перо Антиќпостигна осум поени, а оствари истотолку скокови.Литваниците имаа многу лош шут за три поени, погодувајќи само два пати од 15 обиди. Најголем дел од поените, домашните играчи ги постигнаа од рекетот.Натпреварот во Каунас го следее близу 15.000 гледачи, но на крајот се радуваа околу 150 македонски навивачиМакедонија повеќе од заслужено ќе игра во полуфиналето против Шпанија на 16 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

