Спорт
Шпанија подготвува план Б за Мекејлеб
Стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Шпанија, која важи за голем фаворит за освојување на Европското првенство, не крие дека стравува од најдобриот кошаркар на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб.
Стручниот штаб на кошаркарската репрезентација на Шпанија, која важи за голем фаворит за освојување на Европското првенство, не крие дека стравува од најдобриот кошаркар на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб.Селекторот на „Црвената фурија“, Серѓо Скариоло изјави дека за најефикасниот репрезентативец на Македонија подготвува план Б.„Подготвивме неколку варијанти за кои се надевам дека ќе функционираат, но доколку не биде така, имаме план Б. Мекејлеб е извонреден играч, знае кога треба да продре, како да се движи, а за неговите мани нема што многу да се каже“, изјави Скариоло. Селекторот на актуелниот европски шампион стравува и од другите репрезентативци на Македонија.„Не загрижува структурата на тимот, особено нивната способност да го спуштат ритамот на натпреварот и тоа секако дека не ни се допаѓа. Мекејлеб е феномен, не знам дали е прв или втор играч во Европа, ама сигурно е во врвот. Антиќ е голем талент и се наоѓа во голема форма“, изјави Скариоло.Тој претходно призна дека воопшто не очекувал Шпанија во полуфиналето да игра со Македонија и оти се подготвувале да се сретнат со Литванија.Натпреварот Шпанија-Македонија се игра денеска во 16:30 минути. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

