Спорт
Македонија е четврта во Европа!
Македонија поразена од Русија (68-72) во битката за бронза, но морален победник на шампионатот. Хероите во жолто-црвена опрема испишаа неверојатна приказна, која ќе се пренесува од колено на колено, нешто што дедовците ќе им го раскажуваат на своите внуци во децениите што доаѓаат
Главата горе, вие сте нашите херои. Со ова скандирање неколкуте стотини македонски навивачи ги испратија кошаркарските репрезентативци на Македонија по поразот од Русија (68-72) во битката за бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) што денеска завршува во Литванија. Тоа значи дека избраниците на селекторот Марин Докузовски на крајот завршија на четвртата позиција на континенталниот шампионат, што е неверојатен успех за малата држава од ридестиот Балкан.
Хероите во жолто-црвена опрема испишаа неверојатна приказна, која ќе се пренесува од колено на колено, нешто што дедовците ќе им го раскажуваат на своите внуци во децениите што доаѓаат. Кошаркарите го свртеа вниманието не само на европската, туку и на светската јавност, со играта со големо срце и со своите феноменални победи над дотогаш далеку посилните ривали, барем на хартија. Дванаесетте јунаци беа најголемите амбасадори на малата држава, и тоа во периодот на прославата на 20-годишнината од самостојноста на Македонија. Младо и старо, машко и женско, од сите националности, во изминатите дваесетина дена живееја заедно со нашите кошаркари. Никој досега не успеал да го направи тоа, да постигне сите два милиони жители да дишат како еден, и тоа во ритамот на танцот на кошаркарите во салите низ Литванија. За тоа сите тие, односно сите ние, сме им максимално благодарни.
РУСИТЕ ПОВТОРНО КОБНИ
Ничкосани пред челичната рака на во моментов најпознатите Македонци паднаа една Грција, Хрватска, БиХ, Финска, Грузија, Словенија и домаќинот Литванија. Загубивме од Црна Гора во почетокот на ЕП, и тоа несреќно по едно продолжение, од феноменалната Шпанија и два пати од Русија. Токму „баќушките“ беа фатални за нас на патот кон бронзеното одличје. Денеска тие не беа подобри, туку само посреќни во клучните моменти од мечот.
Спортската арена во литванската кошаркарска престолнина Каунас виде голема борба на две титански селекции, во која на крајот само една можеше да се радува. За жал, тоа беше рускиот тим, кој, сепак, сосема заслужено дојде до бронзеното одличје и до местото на победничкиот пиедестал. Македонските кошаркари прикажаа уште една великанска партија, повторно го одведоа мечот во инфаркт-завршница, но божицата Талија повторно беше на страната на големата Русија, како и во мечот од втората фаза во Вилнус, каде што загубивме со тројка во последната секунда.
Имавме 68-68 на 48 секунди пред крајот, но не издржавме. Не успеавме да го спречиме Сергеј Биков да ни даде кош на 15 секунди пред крајот за 68-70 за Русите. Но и покрај тоа, организиравме одличен напад, Дамјан Стојановски се најде осамен под кошот, но топката му се лизна од рацете, го префрли обрачот и замина на другата страна од теренот. Тоа беше момент што ги скрши срцата на сите што живееја со нашите кошаркари, остана само израз на неверување на лицата на сите во салата и огромна жал за пропуштената шанса барем да се дојде до продолжение. Но ниту во тој момент, ниту по крајот, апсолутно никој не му забележа на младиот бек, кој долго, долго ќе го памети тој момент кога лесно можеше да стане творец на успехот. Тој, заедно со сите други во репрезентацијата, останува јунак за оние во чии гради бие македонско срце.
По овој момент следуваше егзекуција од страна на руските кошаркари, кои преку Алексеј Швед само ја запечатија победата. Владо Илиевски на три секунди пред крајот се обиде со тројка да внесе немир во редовите на противникот, но не успеа во шутот, што беше знак за клупата на противникот да почне да и’ се радува на бронзата.
ПРЕМНОГУ ИНФЕРИОРНИ ВО СКОКОТ
Пресудна за триумфот на Русија беше нивната огромна доминација во играта под кошевите. Руските кошаркари имаа дури 18 скока повеќе од македонскиот тим, а за одбележување е и податокот што тие имаа 22 офанзивни скока, односно еден повеќе од фатените топки во одбраната, што е неверојатна реткост во кошарката.Избраниците на Докузовски почнаа добро, имаа 6-3, но потоа следуваше серија 10-0 на противникот и преземање на водството, кое го чуваа сигурно до финишот од последниот период. „Баќушките“ кон средината на третата четвртина имаа дури и плус 11 (43-32), но тоа не ги уплаши нашите, кои со смирена игра, полека и сигурно успеаја да дојдат до неизвесен финиш.
Вистинска еуфорија предизвикаа тројката на Илиевски и поените на Антиќ во почетокот од последниот дел, со кои Македонија дојде до предност од 55-52, која за жал не успеа да ја задржи. Во тие моменти на сцена стапи НБА-ѕвездата во рускиот тим, Андреј Кириленко, кој со две тројки во низа повторно ја доведе Русија до водство, кое европскиот шампион од 2007 година не го испушти до самиот крај.
Без разлика на поразот, долго ќе се памети играта на натурализираниот Американец Бо Мекејлеб, кој мечот го заврши со 22 поени, од кои дури 15 постигна во првото полувреме, во кое беше фантастичен. Илиевски заврши со 16 поени, додека Антиќ постигна 13 поени. Кај Русите Кириленко беше стрелец на 18 поени, додека Моња, Воронцевич и Мозгов реализираа по 10 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Крвнички старт на Ридигер, евро-гол на Сатријано, два црвени картони и пораз на Реал од Хетафе
Фудбалерите на Хетафе, забележаа сензационална победа (0:1) на „Сантијаго бернабеу“, против Реал Мадрид во последниот натпревар од 26-то коло на шпанското првенство. Ова е прва победа на Хетафе на „Бернабеу“ по 18 години, односно од победата од 1:0 на 24 февруари 2008 година.
Гостите победија благодарение на спектакуларниот гол во 39-та минута, кога напаѓачот Мартин Сатријано ја затресе мрежата.
Сè и сешто имаше во малото мадридско дерби… Ужасниот страт на Ридигер, прекрасниот гол на Сатријано, нападите на Реал и два црвени картони во финишот.
Реал го контролираше натпреварот од самиот почеток, но Хетафе прв се закани. По центаршутот на Мауро Арамбари, левиот бек Диего Рико го гаѓаше подалечниот агол во 10-та минута, но Трент Александар-Арнолд и голманот Тибо Куртоа, успеаја да спреќат водство на аутсајдерот. .
Домашниот тим имаше фантастична можност три минути подоцна, кога топката ја загуби стоперот Себастијан Босели како последен играч во одбраната на Хетафе.
Винисиус излезе сам пред голманот на Хетафе, Давид Сорија, но капитенот на гостите го одбрани неговиот удар.
Страстите зовреа по крвничкиот старт на Антонио Ридигер, врз Рико.
Германецот прво го фаулираше поранешниот фудбалер на Борнмут во нападот во 25-та минута, а потоа во следната акција го удри Шпанецот со колено во главата, додека Рико веќе лежеше на земја. Хетафе доби прекршок, но главниот судија не покажа картон, додека Рико врескаше од болки.
Шпанците веднаш ја нализираа целата ситуација и согласни се дека Ридигер морал да добие црвен картон.
— Has vini done 10x today? (@10xVini) March 2, 2026
Во 39-та минута се случи клучниот момент кога Сатријано фати полуволеј за водство на Хетафе.
Во второто полувреме, Реал целосно го „задуши“ противникот со својата игра, но не успеа да постигне ниту еден гол и да избегне пораз.
Четири одлични шанси имаше Реал, но играчот на натпреварот голманот Давид Сорија не дозволи да биде совладан.
Тензијата беше на високо ниво во текот на целиот натпревар, а на крајот, напаѓачот на Реал, Франко Мастантуоно, доби директен црвен картон откако нешто му дофрли на судијата.
Тоа се случи во петтата минута од судиското продолжение во второто полувреме, а само две минути подоцна, играчот на Хетафе, Адриан Лисо, доби втор жолт картон и мораше да го напушти теренот.
На поразот на Реал најмногу се израдуваа во Барселона, Каталонците по 36 рунди имаат четири поени повеќе од најголемиот ривал и речиси отворен пат кон шампионската титула.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија од -18 до победа над Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија го задржа максималниот ефект во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Баку, Македонија го победи Азербејџан со 78:70.
Македонија одигра исклучително лоши 17 минути против лимитиранот, со квалитет, состав на Азербејџан.
Домаќините, ги користеа грешките на противникот, погодуваа од сите позиции и дојдоа до водство 43:25. Кога се вклучи алармот, македонските кошаркари почнаа да играат, пред се во одбраната и со серија 12:1, на полувреме имаа „само“ седум поени негатива (37:44).
Долго Македонија го кршеше отпорот на противникот, тоа се случи во последните две минути од третиот период, кога прв пат поветоа момците во црвено (58:56).
Од тој момент се беше полесно, Македонија стечената предност не ја испушти и ја забележа четврттата победа во групата во исто толку натпревар.
Јакомвски со 22 поени беше најефикасен, двоцифрен ефект, 11 поени имаше и Ѓуровски, по осум поени постигнаа Хап, Магдевски и Мекиќ, Американецот имаше и девет скока, а плејмејкерот на МЗЅ пет асистенции.
Најдобар играч на Азербејџан беше играчот на Тенерифе, Ван Бек со 23 поени.
foto/ mkd.basketball
Спорт
Интер сериозно заинтересиран за Костов
Интер е сериозно заинтересиран за Василије Костов, големиот талент на Црвена звезда.
Според италијанскиот новинар Матео Морето, кој работи со инсајдерот Фабрицио Романо, интересот на „Неразурите за Костов е исклучително голем.
Морено тврди дека Интер не само што го следи играчот, туку дека се започнати почетни разговори за да се утврдат временските рокови и трошоците.
Тој додава дека неколку клубови се заинтересирани за Костов, меѓу кои и некои од Шпанија.
Затоа, тимот од Ломбардија сака навреме да ја утврди својата позиција и да го доведе младиот играч од средниот ред пред нивните ривали во трката за неговиот потпис да им ги расипат плановите.
Јасно е дека Интер и претседателот Бепе Марота направија пресврт и од слободни, но и привремени засилувања, се свртуваат кон помлади играчи чиј потенцијал и целосната трансферна вредност, сè уште не е достигната.
Костов одигра 33 натпревари во црвено-белиот дрес во сите натпреварувања оваа сезона, постигна 12 гола и има шест асистенции.
„Трансфермаркет“ ја проценува неговата моментална вредност на 10 милиони евра, меѓутоа, потребната отштета ќе биде неколкукратно поголема.

