Спорт
Матеус доби отказ од селектор на бугарската фудбалска селекција
Бугарскиот фудбалски сојуз во понеделникот го смени од местото селектор Германецот Лотар Матеус, поради многу лошите резултати на бугарската репрезентација во квалификациите за Европското првенство што во 2012 година ќе се игра во Украина и Полска.
Бугарскиот фудбалски сојуз во понеделникот го смени од местото селектор Германецот Лотар Матеус, поради многу лошите резултати на бугарската репрезентација во квалификациите за Европското првенство што во 2012 година ќе се игра во Украина и Полска. Иако отказот за поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Германија, и успешен играч Лотар Матеус, се очекуваше многу порано, Бугарската фудбалска сојуз тоа го стори во понеделникот поради спротивставување на претседателот на Борислав Михајлов, кој сакаше Германецот докрај да го одработи договорот, односно до ноември, за да не треба да му се плати отштета. „Причините за смената се многубројни, а најголемата е сé поголемото незадоволство од селекторот во самата репрезентација. Матеус е известен за одлуката и тој тоа го прими мирно“, изјави Михајлов, кој пред неполн месец изјави дека Матеус ќе ја води бугарската селекција и во квалификациите за Светското првенство во 2014 година коешто во Бразил. Матеус беше првиот странец на кормилото на бугарската фудбалска репрезентација, којашто ја предводеше точно цела година. Меѓутоа, во квалификациската група за Евро 2012 во конкуренција со Англија, Швајцарија, Црна Гора и Велс, доживеа тотално фијаско, имено бугарија е на четвртото место со само три постигнати и 12 примени голови. Воопшто тренерската кариера на Матеус, за разлика од играчката, не е импресивна иако водеше многу клубови и репрезентации, како што се Рапид Виена, белградски Партизан, Атлетико Паранаенсе, Ред Бул, и репрезентациите на Унгарија и на Бугарија. Никаде не постигна позначаен успех и не се задржа долго време. Репрезентацијата на Бугарија на пријателскиот натпревар со Украина н а7-ми октомври и на последниот меч од квалификациите на 11-ти октомври со Велс, ќе ја предводи селекторот на младата бугарска репрезентација./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.