Спорт
Мурињо со скара ги демантира гласините за кавги во Реал Мадрид

За да ја подигне атмосферата во тимот и да ги демантира гласините за судири внатре во соблекувалната, Жозе Мурињо организираше скара за фудбалерите и членовите на стручниот штаб.
За да ја подигне атмосферата во тимот и да ги демантира гласините за судири внатре во соблекувалната, Жозе Мурињо организираше скара за фудбалерите и членовите на стручниот штаб.„Заедно уживаа во пријатниот ручек на кој беа нагласени одличните односи и единството во соблекувалната на Реал“, се вели во соопштението објавено на официјалната веб страница на Реал Мадрид.Мирисот на месо почна да се шири по вчерашниот утрински тренинг, а бидејќи гозбата траеше подолго од очекуваното, Мурињо го откажа попладневниот тренинг.Со насмеани лица на фотографијата фудбалерите и тренерите се обидуваат на јавноста да и докажат дека гласините за наводни кавги меѓу Мурињо и фудбалерите, како и конфликтот меѓу Икер Касиљас и Кристијано Роналдо не се точни.Мурињо првпат по доаѓањето во Мадрид организираше скара, но таков вид на „тим билдинг“ уште претходно применуваше во своите поранешни клубови. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челси – Фулам го изненади Тотенхем

Арсенал го победи Челси со 1:0, а Фулам запиша триумф над Тотенхем 2:0 во 29.коло во Премиер лигата.
Арсенал го доби натпреварот со еден гол во првото полувреме и со тоа ја продолжи трката за титулата во Премиер лигата и Ливерпул кој е на првото место.
Се играше 20. минута кога Микел Мерино погоди на асистенција на Мартин Одегард за водство на домашните од 1:0.
Претходно, во 12. минута Деклан Рајс имаше одлична шанса да му донесе водство на својот тим, но не беше прецизен.
Челзи можеше да израмни во 37. минута, но голманот на Арсенал го одбрани обидот на Марк Кукуреља.
Во вториот дел Мерино ја имаше единствената вистинска шанса во 60. минута кога можеше да го реши победникот и да го удвои водството на Арсенал, но Роберт Санчез спектакуларно го одбрани неговиот удар.
Арсенал сега е на второто место со 58 бодови, 12 помалку од Ливерпул, додека Челзи е на четвртото место со 49 бодови.
Во наредната рунда ривали на Арсенал и Челси ќе им бидат Фулам и Тотенхем кои ги одмерија силите на „Крејвен Котиџ“.
Фулам победи со 2:0, со головите постигнати во второто полувреме.
Натпреварот беше изедначен, а потоа во 78. минута Родриго Муниз постигна гол за водство на Фулам од 1:0.
Победата ја потврди Рајан Сесењон во 88. минута од натпреварот, кога погоди за конечни 2:0.
Фулам е на осмото место со 45 бодови, додека Тотенхем е на 13. позиција со 34.
Спорт
Во пожарот во Кочани загина фудбалерот на Шкупи Андреј Лазаров

Андреј Лазаров (25), фудбалер на Шкупи е еден од 59-те починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Претходно денеска Шкупи на социјалните мрежи објави дека неговиот Лазаров е надвор од животна опасност, но подоцна починал во болницата во Штип.
Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката им помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.
„Како херојска душа што беше, Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.
Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објави на социјалните мрежи неговиот клуб, Шкупи.
Лазаров во кариерата настапуваше во Металург, Работнички, Тиквеш во Македонија, односно Горица и Рудеш во Хрватска.
Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.