Спорт
Типсаревиќ ја освои првата АТП титула во кариерата

Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ го освои премиерниот АТП наслов во кариерата.
Српскиот тенисер Јанко Типсаревиќ го освои премиерниот АТП наслов во кариерата. Во финалето на АТП турнирот во Куала Лумпур, Типсаревиќ го совлада Маркос Багдатис од Кипар со 6:4 и 7:5.Пред ова финале Типсаревиќ во кариерата играл четири завршни мечеви на АТП турнирите, но секогаш губеше. Оваа година загуби две финалиња, во Естборн и Делреј Бич. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Интер или Барселона, само еден тим може да оди во финалето

Вечерва во Милано ќе го добиеме првиот патник за финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се игра во Минхен на 31 мај.
Сè укажува дека нè очекуваат најмалку 90 минути апсолутен спектакл помеѓу фудбалските титани, Интер и Барселона.
Пред сè, поради спектакуларниот прв натпревар во Каталонија, каде што сè „виеше“ од првата минута, а резултатот по 90 минути беше 3:3.
„Нероаѕурите“ имаат предност на домашен терен, меѓутоа, Каталонците играат одличен фудбал оваа сезона под водство на Ханс Флик и нема сомнение дека ќе бидат под помал притисок од Миланезите.
Исто така, атмосферата во „Блауграната“ е многу подобра поради неодамнешните резултати, бидејќи Барса неодамна го освои Купот на кралот со победа над вечниот ривал Реал, пред кого имаат четири поени повеќе од „кралскиот клуб“.
Од друга страна, Интер беше во игра за сите три трофеи до пред десет дена, но сега ситуацијата е поинаква. Интер испадна од Купот на Италија и по поразот од Рома ја загуби и лидерската позиција во Серија А.
Спорт
„Избркајте го Мурињо, сите нè прави будали“

Поранешниот фудбалер и репрезентативец на Босна и Херцеговина, Елвир Баљиќ, остро го критикуваше Жозе Мурињо и она што под неговот водство го прикажува Фенербахче.
Во 32-то коло од турското првенство, Фенербахче претрпе пораз против големиот ривал Бешикташ со резултат од 1:0, со што практично испадна од трката за титулата четири кола пред крајот на првенството.
Водечкиот Галатасарај сега има осум бода повеќе, а многумина во клубот од Истанбул веќе се помирени со фактот дека титулата нема да стигне до нивните витрини.
Главна мета на критики овие денови е тренерот Жозе Мурињо, а меѓу најгласните беше поранешниот фудбалер на Реал, Фенербахче и Галатасарај, како и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
„Тој од сите нас прави будали. Ги молам луѓето од клубот веднаш да го заменат. Мислам дека Мурињо повеќе не е добар тренер – всушност, тој е лош тренер. Тој ни се потсмева на сите и повеќе не можам да молчам. Тој повторно нè изненади со својот состав. Каде е логиката? Не можете да го уништите тимот со вашето его и ароганција. Играчите немаат континуитет затоа што тој постојано менува нешто“, рече Баљиќ во својот остар говор.
„Го молам Фенербахче да не продолжува да работи со овој човек на крајот од сезоната. Повеќе немам никаква почит кон него, а што се однесува до играчите, сакам да им кажам само едно – го загубија првенството, но зошто не се борат? Дали воопшто им е гајле за кого играат?“.
Да потсетиме, Мурињо го презеде турскиот тим на почетокот од оваа сезона, но резултатите и атмосферата во клубот досега не ги исполнија големите очекувања.
Спорт
Аткисон тренер на сезоната во НБА лигата

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон ја доби наградата за најдобар тренер на сезоната во НБА.
Во својата прва сезона во Кливленд, а во својата петта сезона во НБА, Аткинсон за прв пат стана освојувач на трофејот „Ред Оербах“. Тој ја освои наградата со 401 поен.
Второто место го освои Џеј-Би Бикерстаф од Детроит со 305 поени, а третото место го освои Име Удока од Хјустон со 113 поени.
Аткинсон ги предводеше Кавалирс со 15 последователни победи на почетокот на сезоната, што беше една од трите низи со најмалку 12 победи.
Тимот направи серија од 16 победи, од 5. февруари до 14. март, што е клупски рекорд.
Кливленд имаше најдобар резултат во Источната конференција со 64 победи и 18 порази.
Тоа е втор најдобар резултат во историјата на франшизата, а Аткинсон стана третиот тренер на Кавалирс кој ја освоил наградата, по Били Фич (1975/1976) и Мајк Браун (2008/2009).