Спорт
Афелај шест месеци „во аут“

Играчот за врска на европскиот фудбалски првак Барселона Ибрахим Афелај ќе паузира шест месеци заради операција на лигаментите на левото колено, соопштуваат од клубот.
Играчот за врска на европскиот фудбалски првак Барселона Ибрахим Афелај ќе паузира шест месеци заради операција на лигаментите на левото колено, соопштуваат од клубот.Холанѓанецот оваа сезона одигра два натпревара пред да се повреди на тренингот минатата недела. Афелај во Барса дојде во јануари оваа година од ПСВ Ајндховен и до сега одигра 29 натпревари за каталонскиот гигант.Европскиот и шпански првак оваа сезона има многу проблеми со повреди, па покрај Афелај, надвор од тимот е и Чилеанецот Алексис Санчез, Шпанците Андрес Иниеста и Сеск Фабрегас, како и Французот Ерик Абидал.По пет кола во Примера, Барселона го дели првото место на табелата заедно со Леванте. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Коман пристигна кај Кристијано Роналдо

Поранешниот играч на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е нов играч на Ал Наср, објави клубот од Саудиска Арабија.
Коман (29) потпиша тригодишен договор со Ал Наср, а клубот не ја наведе вредноста на трансферот.
Францускиот крилен напаѓач пристигна во Баерн во август 2015 година, а оттогаш одигра вкупно 339 натпревари и постигна 72 гола за германскиот клуб.
Тој освои вкупно 20 трофеи со Баерн, вклучувајќи еден во Лигата на шампионите, а претходно во кариерата играше и за Јувентус и Пари Сен Жермен.
Со француската репрезентација, за која одигра вкупно 58 натпревари, освои сребрени медали на Европското првенство во 2016 година и на Светското првенство во Катар.
Фото/ ФК Ал Наср
Спорт
Артета: Ако продолжиш да копаш, еден ден ќе најдеш злато

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за шансите на неговиот тим да ја освои титулата пред почетокот на новата сезона.
Лондонските „топџии“ завршија на табелата, три пати во претходните три сезони. Прво, двапати беа зад Манчестер сити, а минатата сезона зад Ливерпул.
„Ако веруваш во она што го работиш, еден ден ќе ја постигнеш својата цел. Може да биде и фигуративно: Ако продолжиш да копаш и си упорен, еден ден ќе стигнеш до златото. Тоа е она што ме учеа целиот мој живот“, рече шпанскиот тренер и додаде:
„Ако ја погледнете математиката, собравме повеќе бодови од кој било друг тим во лигата во последните три сезони, а тоа многу зборува за нашата конзистентност. Сега треба да го направиме тоа во една сезона“, рече Микел Артета, пренесува Би-Би-Си.
Тимот на Арсенал во првото коло ќе го одигра дербито поротив Манчестер јунајтед. Натпреварот на „Олд Трафорд“ во Манчестер се игра в недела од 17.30 часот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Салах плачеше на крајот од натпреварот

Мохамед Салах не можеше да ги скрие своите емоции по победата на Ливерпул над Борнмут (4:2) во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Борнмут беше полн со емоции од првата до последната минута, сè беше посветено на Диого Жота, кој почина во сообраќајна несреќа.
Неговиот голем пријател и долгогодишен соиграч во Ливерпул, Салах не можеше лесно да се избори со своите емоции.
Тоа можеше да се види во текот на целиот натпревар, а на крајот постигна гол и му го посвети на Жота, го прослави како што некогаш правеше Португалецот.
На крајот од натпреварот, тој се расплака.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Mohamed Salah was the last player to leave the pitch, joining in with a tearful rendition of Diogo Jota's chant in front of the Kop ❤️ pic.twitter.com/c5Vj4Rfr8C
— Premier League (@premierleague) August 15, 2025