Спорт
Шеикот Мансур, Капело и Бекам најбогати во фудбалот
Сопственикот на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, шеикот Мансур бин Зајед ал-Најан, англискиот селектор Фабио Капело и англиската фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам, се најбогатите личности во англискиот фудбал
Сопственикот на англискиот премиерлигаш Манчестер сити, шеикот Мансур бин Зајед ал-Најан, англискиот селектор Фабио Капело и англиската фудбалска ѕвезда која настапува во американската лига за Лос Анџелес Галакси, Дејвид Бекам, се најбогатите личности во англискиот фудбал, објави магазинот FourFourTwo.Шеикот Мансур е најбогатата личност во англискиот фудбал, Капело е најбогатиот тренер а Бекам најбогатиот фудбалер. Богатството на сопственикот на Манчестер сити е проценето на 23 милијарди евра, на второто место изби најголемиот акционер на Арсенал, Узбекистанецот Алшер Усманов со 14,36 милијарди евра а на трето место е Индиецот Лакшми Митал, сопственик на повратникот во Премиер лигата Квинс парк ренџерс со богатство од 13,67 милијарди долари. Сопственикот на Челзи, рускиот магнат Роман Абрамович е на четвртото место со 12 милијарди долари, додека на петтото место е семејството Лејбнер кое го поседува Саутемптон со богатство од 3,5 милијарди евра. Првиот човек на Тотенхем, Џо Луис има богатство до три милијарди евра, додека сопственикот на најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед, Американецот Малколм Глејзер е на дури деветтото место со 1.9 милијарди евра.Најбогатиот фудбалер и натаму е Дејвид Бекам, чие богатство е проценето на околу 160 милијарди евра. Напаѓачот на Манју, Мајкл Овен со паметни вложувања стигна до богатство од 47 милиони евра, додека неговиот соиграч Рио Фердинанд има само малку помалку – 42 милиони евра. На четвртото и петтото место се исто така играчите на „црвените ѓаволи“, Рајан Гигс со 35 и Вејн Руни со 34 милиони евра. На врвот од табелата на најбогатите менаџери во англискиот фудбал е селекторот на англиската репрезентација Италијанецот, Фабио Капело со богатство проценето на 45 милиони евра. Менаџерот на актуелниот шампион Манчестер јунајтед, Шкотот сер Алекс Фергусон „тежи“ 32 милиони евра, а на трето место е менаџерот на Арсенал, Французинот Арсен Венгер со 24 милиони евра. Меѓу петте најбогати се уште еден Италијанец Роберто Манчини од Манчестер сити со 22 и Швеѓанецот Свен-Горан Ериксон со 18 милиони евра. Првиот Англичанец менаџер вброен меѓу најбогатите во англискиот фудбал е пласиран на шестото место а тоа е Хари Реднап, со 11,6 милиони евра.Најбогата личност во англискиот фудбал1. Шеик Мансур бин Зајед ал-Најан (Манчестер сити, сопственик) – 23 милијарди евра2. Aлшер Усманов (Арсенал, акционер) – 14.33. Лакшми Митал (Квинс Парк Ренџерс, сопственик) – 13,674. Роман Абрамович (Челзи, сопственик) – 125. Семејство Лејбнер (Саутемптон) – 3.56. Џо Луис (Тотенхем, сопственик) – 37. Денис О’Брајан (акционер во Селтик и во Донкастер Роверс) – 2,98. Стенли Кроенке (Арсенал, акционер) – 2.29. Малколм Глејзер (Манчестер Јунајтед, сопственик) – 1.910. Мајк Ешли (Њукасл, сопственик) – 1.6 милијарди евраНајбогатите играчи:1. Дејвид Бекам (ЛА Галакси) – 160 милиони евра2. Мајкл Овен (Манчестер Јунајтед) – 473. Рио Фердинанд (Манчестер Јунајтед) – 424. Рајан Гигс (Манчестер Јунајтед) – 355. Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) – 346. Стивен Џерард (Ливерпул) – 307. Френк Лампард (Челзи) – 288. Џон Тери (Челзи) – 259. Дидие Дрогба (Челзи) – 2210. Фернандо Торес (Челзи) – 20 милиони евраНајбогатите тренери:1. Фабио Капело (Англија, секлектор) – 44 милиони евра2. Алекс Фергусон (Манчестер Јунајтед) – 323. Арсен Венгер (Арсенал) – 244. Роберто Манчини (Манчестер Сити) – 225. Свен-Горан Ериксон (Лестер Сити) – 186. Хари Реднап (Тотенхем) – 11,67. Стив Брус (Сандерленд) – 10,58. Кени Далглиш (Ливерпул) – 09:339. Андре Вилаш-Боаш (Челзи) – 8.210. Алекс Меклејш (Астон Вила) – 7 милиони евра./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Реал победи во Сан Себастијан, еден триумф го дели од шампионската титула
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа имењакот од Сан Себастијан на „Реале арена“ со 1:0 (1:0) во премиерниот натпревар од 33.коло.
На овој начин „кралскиот клуб“ со натпревар повеќе стекна 14 бодови предност во однос на Барселона.
Практично само теорија го дели Реал Мадрид од 36. титула во клупската историја.
Карло АНчелоти натпреварот го започна со комбиниран состав, а за прв пат стартер беше младиот Арда Ѓулер.
Токму младиот Турчин со голот во 29. минута му донесе победа на својот тим. Карвахал нафрли во шеснаесетникот, а Гулер шутираше низ нозете на голманот Ремиро.
Три минути подцна Реал Сосиедад преку Такефуши Кубо постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Сосиедад остана на шестата позиција со 51 бод до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лига Европа или Конференциската лига.
Спорт
(Видео) Евролигата покрена постапка против судијата Болтаузер – Украл парфем од „фри-шоп“
Еден од најпознатите европски судии, Словенецот Матеј Болтхаузер (49) е тема број 1 во европската кошаркарска јавност поради видеото кое излезе во јавноста.
Имено, Болтаузер е снимен на него на аеродромот „Никола тесла“ во Белград на 8 декември минатата година како краде парфем на Том Форд од „фри шоп“.
Станува збор за парфем кој чини 221 евро.
Болтхаузер тогаш се враќаше од натпреварот од Евролигата меѓу Монако и Партизан, која ја судеше во Франција.
Поради видеото кое се појави пет месеци подоцна, Евролигата покрена постапка против Болтаузер.
Тој сигурно ќе се соочи со драстична казна, па дури и играчите си земаа слобода да кажат „збор-два“ за Словенецот.
Најгласен беше Мет Џенинг, кој директно го обвини Болтхаузер дека со години крадел, не само на аеродромот, туку и на терените во Евролигата.
„Човекот краде со години! Евролигата има голем број одлични судии, но ова момче е убедливо најлошиот и не е тешко да се разбере зошто”, напиша Џенинг, поранешен играч на Монтепаски, Ефес, Басконија, како одговор на видеото кое брзо се прошири низ Европа.
Salen a la luz imágenes de Boltauzer, árbitro de la Euroliga, robando un perfume en el aeropuerto de Belgrado
🫣 Los hechos sucedieron tras el partido entre Partizan y Mónacopic.twitter.com/brQUbuRYqa
— Eurohoops España (@EurohoopsES) April 26, 2024
Спорт
Арне Слот ќе биде новиот тренер на Ливерпул
Холандскиот стручњак Арне Слот од следната сезона ќе биде тренер на Ливерпул.
Трансфер инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо тврди дека двата клуба се договориле, Ливерпул на Феенорд ќе му исплати одредена отштета за тренерот чии договор истекува во 2026 година.
Допрва ќе биде познато колкава сума ќе плати Ливерпул. Наводно Ливерпул понудил 9.000.000 евра, а Феенорд бара 13.000.000 евра.
Слот од 2021 година е на клупата на клубот од Ротердам на кој му донесе голем успех.
Во првата сезона го водеше тимот до финалето на Конференциската лига, таа година беше прогласен за тренер на сезоната во Ередивизие, а една година подоцна ја освои домашната титула со Феенорд.
Во својата втора сезона во клубот, тој го предводеше тимот до четвртфиналето на Лига Европа.
Пред Феенорд, Слот ги водеше Камбур и АЗ.