Спорт
Леванте останува на врвот, Реал го декласираше Виљареал
И по 9-то коло од шпанското фудбалско првенство изненадувањето Леванте останува на врвот со бод предност пред Реал и два пред шампионот Барселона, откако во возбудливиот меч против Реал Сосиадад Рубен Суарез во третата минута од судиското продолжување постигна гол од 30-ина метри.
И по 9-то коло од шпанското фудбалско првенство изненадувањето Леванте останува на врвот со бод предност пред Реал и два пред шампионот Барселона, откако во возбудливиот меч против Реал Сосиадад Рубен Суарез во третата минута од судиското продолжување постигна гол од 30-ина метри.Моментално водечкиот клуб во шпанската Примера на својот стадион „Сиутат де Валенсија“, пред само 12 илјади гледачи, под водство на творецот на ова чудо Хуан Игнасио Мартинез со 3:2 го совладаа Реал Сосиедад , докажувајќи дека иако многу сиромашни не случајно се на врвот на една од најсилните а секако најскапи фудбалски лиги во светот. Уште повеќе, овој резултат е значаен за Леванте, затоа што до него дојде по водството на гостите од Баскија. Фудбалерите на Сосиедад поведоа во 4 минута преку Естрада, по што домашните дури во 54 минута изедначија со погодокот на Нано а во 61 минута дојдоа во водство со голот на Валдо. Кога гостите го изедначија резултатот во 86 минута преку Мартинез Бериди, никој не помислуваше дека фудбалерите на Леванте можат да направат уште еден исчекор. Но Рубен Суарез со фантастично изведен слободен удар од голема далечина му ја донесе на помалиот клуб од Валенсија 7-та годинешна победа и без ниеден пораз. Реал Мадрид на својот „Сантјаго Бернабеу“ не дозволи никакво изненадување против годинава очајниот Виљареал и за пол час игра со 3:0, едноставно одржа полесен тренинг. Стрелци за „кралевите“ беа Карим Бензема во 4, Кака во 11 и Анхел Димариа во 29 минута, откако претходно им асистираше при постигнувањето на погодоците на двајцата свои соиграчи од нападот. Реал заостанува еден од за Леванте, а има бод предност пред Барселона. Виљареал, пак, со само една победа е на опасното 18-то место од лигата со 7 бодови. Валенсија ја задржа 4-та позиција на табелата со 18 бодови, откако на гости ја совлада Сарагоса, која по ова коло остана на 14-то место со 9 бодови, со голот на новопечениот репрезентативец на Шпанија, 22-годишниот лев бек Жорди Алба во 82 минута. Спортинг Хихон оствари исто така победа на гостувањето кај Мајорка, со 2:1. Иако домашните поведоа со голот на Гонзало Кастро, гостите преку Хрватот Мате Билиќ во 49 и Жоао Виктор во 65 минута направија пресврт, однесувајќи ги бодовите во Хихон. Мајорка остана на 9-то место со 9 бодови, а Спортинг оствари важна победа кој може да значи почеток на бегството од опасната зона, бидејќи сега е 17-ти со 7 бодови.Рајо Валекано ја совлада пред своите навивачи Малага со 2:0, со погодоците на Ботелхо во 7 и Тамудо во 70 минута, доаѓајќи до 12 бодови и до 7-та позиција на табелата, веднаш за д Малага која е едно место погоре сега со само бод повеќе од синоќешниот ривал. Хетафе и Осасуна одгираа возбудлив меч кој заврши без победник со резултата 2:2. Гостете поведоа уште во 7 минута преку Балде, а потоа кон средината на второто полувреме следеше вистински двобој меѓу него и домашниот фудбалер Гуиза кој изедначи во 62 минута, за Балде повторно да ги доведе гостите во водство во 66 минута а десет минути подоцна возврати уште една Гуиза. Хетафе остана на 16-то место со 7 бодови, а Осасуна, исто така, се вкотви на 10-то место со 11 бодови. Од деветтото коло во четврток ќе се одиграа мечевите меѓу Еспањол и Бетис, и дербито на колото Ателтик Билбао – Ателтиоко Мадрид. Во вторникот Барселона со 1:0 славеше на гостувањето кај Гранада, а Севиља и Сантандер одиграа без победник 2:2./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

