Спорт
Топлото време одложи трки од Светскиот куп во скијање

Натпросечните температури за овој дел од годината во Финска предизвикаа откажување на слаломските трки во машка и женска конкуренција во рамките на Светскиот куп во скијање.
Натпросечните температури за овој дел од годината во Финска предизвикаа откажување на слаломските трки во машка и женска конкуренција во рамките на Светскиот куп во скијање. До крајот на октомври во Финска не паднал нов снег, а температурите на воздухот во оваа земја се далеку над просечните за овој период од годината. Интересно, октомври е осмиот последовен месец во Финска, во кој температурите се повисоки од просечните. Особено голема температурната разлика е во северниот дел на Финска, каде температурите се повисоки во просек и за четири степени. Метеоролозите не предвидуваат заладување, по што организаторите на машкиот и женскиот слалом во Леви беа принудени да ги откажат трките. Поради топлото време невозможно е трките да се организираат и на вештачки снег. Меѓународната скијачка федерација (ФИС) најверојатно на 6. ноември ќе соопшти каде и кога ќе бидат одржани трките. крај/тоталспорт/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
На денешен ден започна падот на големиот Диего Марадона

На денешен ден во 1991 година започна падот на еден од најдобрите фудбалери во историјата Диего Армандо Марадона.
На 17. март на „Сан Паоло“, стадионот во Неапол кој денес го носи името на Марадона, се одигра натпревар помеѓу Наполи и Бари.
Актуелните шампиони наполитанците славеа победа од 1:0 со голот на Џанфранко Ѕола.
Сепак, она што го направи овој натпревар незаборавен не е нивниот триумф, туку она што следеше, пренесува „Индекс“.
Имено, по натпреварот, во примерокот од урината на Марадона имало траги од кокаин.
Десетина дена подоцна, Марадона беше уапсен во Буенос Аирес поради поседување половина килограм кокаин. Тој и двајца негови пријатели беа уапсени во стан во Кабалито, предградие на Буенос Аирес, што го означи крајот на големата кариера.
Судот пресуди дека Марадона ќе мора да оди на контролиран медицински третман, но тој долго време се бореше со „пеколот“ на зависноста.
За време на неговата суспензија, Марадона значително се здебели и имаше проблеми со клубот поради неисплатени барања за обештетување.
По одлежувањето на суспензијата, Марадона му се врати на фудбалот во 1992 година, кога потпиша договор со Севилја.
Сепак, неговите проблеми со дрогата продолжија да го прогонуваат.
Во 1994 година, тој повторно беше позитивен за време на Светското првенство во САД, што резултираше со уште една забрана за играње.
Марадона почна да користи кокаин за време на неговиот престој во Европа, особено во Неапол, каде што испиша историја и стана жива легенда во дресот на Наполи.
Иако редовно поминувал допинг тестови, Марадона продолжил да конзумира кокаин, што било овозможено со помош на италијанската мафија која го снабдувала со дрогата.
Марадона ја започна својата професионална кариера во Аргентинос Јуниорс, а потоа играше за Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севилја и Њуелс Олд Бојс.
Врвот на кариерата го достигна во Наполи, освојувајќи две првенства на Италија и еден Куп на УЕФА.
Тој ја предводеше аргентинската репрезентација до титулата на Светското првенство во 1986 година во Мексико, каде што неговите голови против Англија станаа легендарни.
Кариерата ја заврши во 1997 година во Бока, подоцна стана тренер, па дури и селектор на Аргентина, која ја водеше на Светското првенство во 2010 година.
Тој почина на 25. ноември 2020 година.
Спорт
Синер ја зголемува предноста и кога не игра, Ѓоковиќ и кога губи напредува

Џек Дрејпер го освои Мастерсот во Индијан Велс и забележа скок од седум места на АТП листата, на која и покрај тоа што не игра Јаник Синер суверено го држи првото место.
Дрејпер по најголемиот успех во кариерата од 14. скокна на седмото место, напредуваше и Новак Ѓоковиќ и покрај тоа што испадна по првиот меч во Индијан Велс.
На најновата АТП листа нема промени на првите четири позиции. Синер е прв, пред Александар Зверев, Карлос Алкараз и Тејлор Фриц.
Ѓоковиќ е на петтото место, ги искористи резултатите на Капсер Руд (6) и Данил Медведев (8) во Индијан Велс. Двајцата не успеаја да ги одбранат поени од минатата сезона.
Седми е Дрејпер, а топ 10 завршува со Андреј Рубљов и Стефанос Циципас.
Спорт
(Видео) Само Меси може да постигне ваков гол

Лионел Меси се врати во тимот и постигна гол за својот тим Интер Мајами во победата од 2:1 во Атланта.
Мајами, кој сега има скор од 3-1-0, славеше и покрај шестте одбрани на одличниот Бред Гузан, кој беше најзаслужен што Атланта го елиминира Интер на стартот од плеј-офот минатата сезона.
Славниот Аргентинец го постигна израмнувачкиот гол во 20. минута. Меси ја демонстрираше класата.
Messi steals it, Messi finishes it.
🐐 things. pic.twitter.com/u0RovdUfzq
— Major League Soccer (@MLS) March 16, 2025
„Кога станува збор за Лео, тоа е гол што само тој може да го постигне. Најдобриот фудбалер во историјата на овој спорт. Нема што да се додаде. Фудбалер кој има способност да ги постигне најубавите голови што можете да ги видите“, изјави тренерот на Интер, Хавиер Маскерано.
Атланта поведе во 11. минута преку Лате Лат, а Интер дојде до триумф во последните моменти кога ветеранот Фафа Пико погоди со глава.
Следниот натпревар на Интер е против Филаделфија на 29 март.