Спорт
Барса патува во Баскија, Реал ја пречекува Осасуна

Натпреварот на „Сан Мамеш“ во Билбао помеѓу Атлетик и Барселона е дерби на 10. коло во шпанската Примера. Барселона која на табелата има бод помалку од лидерот Реал нема пораз во Билбао од 2006 година.
Натпреварот на „Сан Мамеш“ во Билбао помеѓу Атлетик и Барселона е дерби на 10. коло во шпанската Примера. Барселона која на табелата има бод помалку од лидерот Реал нема пораз во Билбао од 2006 година.
За разлика од Барслеона пред која е тежок меч, Реал не би требало да има поголеми проблеми против Осасуна, натпреварот е закажан за во недела точно на пладне.
Мини дерби на ова коло е градската пресметка помеѓу Леванте и Валенсија, мечот ќе се одигра вечерва од 22 часот.
Примера, двојки 10. коло:
Сабота, 5. ноември:Мајорка-СевиљаБетис-МалагаЛеванте-Валенсија
Недела, 6. ноември:Реал-ОсасунаГранада-Расинг СантандерСарагоса-СпортингРајо Ваљекано-Реал СосиедадЕспањол-ВиљареалАтлетик Билбао-БарслеонаХетафе-Атлетико Мадрид
Табела: Реал 25 бода, Барселона 24, Леванте 23, Валенсија 21, Севиља17….крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Стефан Ристовски ќе го напушти Динамо Загреб

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, веројатно ќе го напушти Динамо Загреб по завршувањето на сезоната. Ристовски, еден од капитените на најтрофејниот хрватски клуб со доаѓањето на тренерот Фабио Канаваро остана без местото во стартната посатав.
Договорот на Ристовски истекува на 30 јуни 2025 година, а потоа ќе стане слободен играч доколку, се разбира, во меѓувреме не потпише нов договор со актуелниот хрватски шампион. Платата на Ристовски според сегашниот договор е околу 700.000 евра годишно.
„Индекс“ пишува дека на подготовките му бил понуден нов договор, но со значително намалување. Новиот договор би бил за најмалку една третина помал од стариот, што значи дека Ристовски би можел да заработува околу 450 илјади евра годишно.
Во овој момент одлуката на Ристовски не е потврдена, но тој најверојатно нема да потпише нов договор. Проблемот не е во парите, туку во тоа што не е задоволен од статусот што би можел да го има следната сезона на „Максимир“.
Тој има 33 години и се уште може да најде сериозна минутажа во европскиот фудбал, а источните лиги и земјите кои нудат профитабилни договори се секогаш опција за играчите кои се пред крајот на кариерата.
Ристовски одигра 177 натпревари за Динамо и одигра важна улога во освојувањето на многу трофеи, но се чини дека и клубот и тој се повеќе се свесни дека влегуваат во нова ера.
Спорт
Огура дисквалификуван во Аргентина

Возачот на Трекхаус, Аи Огура, е дисквалификуван од трката за ГН на Аргентина, откако неговиот тим користел софтвер кој претходно не ја поминал хомологацијата.
Јапонскиот возач го зазеде импресивното осмо место на втората трка од сезоната, откако стартуваше од 15-та позиција.
„Огура користеше нехомологирана верзија на софтверот (V21 b102), која не е одобрена во Светскиот шампионат. Ова е спротивно на членот 2.4.3.5.3 за електрониката од правилникот на Светското првенство“, се вели во соопштението на Дирекцијата за трка.
Тимот нешто подоцна излезе со соопштение во кое се наведува дека иако Огура не добил никаква предност од грешката, ја прифатиле казната.
Дисквалификацијата на Огура од втората трка во сезоната му овозможи на неговиот тимски колега Раул Фернандез да освои еден бод, откако се искачи на 15.место.
Актуелниот шампион во Мото2 имаше импресивен деби викенд, откако заврши четврти во спринтот во Тајланд, а потоа петти на главната трка. Јапонецот моментално е осми во генералниот пласман.
Триумф на трката за ГН на Аргентина го освои доминантниот Марк Маркез на Дукати, пред неговиот помлад брат Алекс и Франко Морбидели од тимот ВР46.
Следната трка од сезоната во Мото ГП шампионатот е Големата награда на Америка во Остин од 28 до 30 март.
Спорт
Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар против Македонија

Србија оваа недела ќе одигра два натпревари со Австрија, во борбата за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации.
Во пресрет на гостувањето во Виена, прес конференција одржа селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.
Пред почетокот на прес конференцијата, Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварите, вчера се случи страшна несреќа. Невидена трагедија во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме во иднина да играме натпревар. Секако натпреварот би бил од хуманитарен карактер. По нашите трагедии, ова е уште една“, рече Стојковиќ.
Србија гостува во Виена на 20.март, реваншот во Лесковац е три дена подоцна.