Спорт
Четвртфинални средби во фудбалскиот Куп на Македонија

Денеска во Тетово, градските ривали Тетекс и Ренова ќе го одиграат возвратниот дуел во рамките на четвртфиналето, во фудбалскиот Куп на Македонија.
Денеска во Тетово, градските ривали Тетекс и Ренова ќе го одиграат возвратниот дуел во рамките на четвртфиналето, во фудбалскиот Куп на Македонија. Возвратните четвртфинални 90 минути, на стадионот во Тетово, треба да бидат само формалност, бидејќи Ренова по првиот меч се стекна со недостижна предност од 6:0. Утре во рамките на фудбалскиот Куп своите возвратни дуели ќе ги одиграат Брегалница-Хоризонт Турново и 11. Октомври-Вардар. Хоризонт Турново во Штип патува со предност од 3:1, додека Вардар, лидерот во првенството, против 11. Октомври има позитива од 2:0, дуелот поради казната на прилепчани ќе се одигра во Струга. Четвртфиналната фаза во Купот ќе се комплетира на 16. ноември кога својот дуел ќе го одиграат Напредок и Работнички. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Огура дисквалификуван во Аргентина

Возачот на Трекхаус, Аи Огура, е дисквалификуван од трката за ГН на Аргентина, откако неговиот тим користел софтвер кој претходно не ја поминал хомологацијата.
Јапонскиот возач го зазеде импресивното осмо место на втората трка од сезоната, откако стартуваше од 15-та позиција.
„Огура користеше нехомологирана верзија на софтверот (V21 b102), која не е одобрена во Светскиот шампионат. Ова е спротивно на членот 2.4.3.5.3 за електрониката од правилникот на Светското првенство“, се вели во соопштението на Дирекцијата за трка.
Тимот нешто подоцна излезе со соопштение во кое се наведува дека иако Огура не добил никаква предност од грешката, ја прифатиле казната.
Дисквалификацијата на Огура од втората трка во сезоната му овозможи на неговиот тимски колега Раул Фернандез да освои еден бод, откако се искачи на 15.место.
Актуелниот шампион во Мото2 имаше импресивен деби викенд, откако заврши четврти во спринтот во Тајланд, а потоа петти на главната трка. Јапонецот моментално е осми во генералниот пласман.
Триумф на трката за ГН на Аргентина го освои доминантниот Марк Маркез на Дукати, пред неговиот помлад брат Алекс и Франко Морбидели од тимот ВР46.
Следната трка од сезоната во Мото ГП шампионатот е Големата награда на Америка во Остин од 28 до 30 март.
Спорт
Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар против Македонија

Србија оваа недела ќе одигра два натпревари со Австрија, во борбата за опстанок во А дивизијата во Лигата на нации.
Во пресрет на гостувањето во Виена, прес конференција одржа селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.
Пред почетокот на прес конференцијата, Стојковиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
„Пред да започнеме со конференцијата во врска со натпреварите, вчера се случи страшна несреќа. Невидена трагедија во Македонија. Би сакал да изразам сочувство до луѓето и семејствата на жртвите. Ќе предложам ФСС да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за да можеме во иднина да играме натпревар. Секако натпреварот би бил од хуманитарен карактер. По нашите трагедии, ова е уште една“, рече Стојковиќ.
Србија гостува во Виена на 20.март, реваншот во Лесковац е три дена подоцна.
Спорт
Во Барселона пристигнала понуда за Рафиња

Манчестер јунајтед и понуди на Барселона 70 милиони евра за 28-годишниот Бразилец Рафиња, објавија во понеделникот британските медиуми. На „Олд Трафорд“ веруваат дека со својата брзина, дриблинг и шутирање од различни позиции, Рафиња претставува идеално решение за проблемите во нападот на тимот.
Бразилецот оваа сезона за Барселона постигна 27 гола и имаше 21 асистенција во сите натпреварувања. Неговите одлични настапи го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти, но само Јунајтед испратиле конкретна финансиска понуда.
Договорот на Рафиња со Барса истекува во јуни 2027 година, но се претпоставува дека Каталонците би можеле да ја прифатат понудата поради тешката финансиска ситуација.
Бразилскиот репрезентативец пристигна во Барселона во јули 2022 година од Лидс за 58 милиони евра и постигна 47 гола и даде 46 асистенции на 124 натпревари за клубот.