Спорт
Демантирана веста дека македонските кошаркари се допингувале
Шпекулации на одредени европски медиумите дека еден македонски и еден шпански кошаркар, кои настапуваа на Евробаскетот во Литванија биле позитивни на допинг-тестовите, експресно се демантирани од страна на ФИБА Европа.
Шпекулации на одредени европски медиумите дека еден македонски и еден шпански кошаркар, кои настапуваа на Евробаскетот во Литванија биле позитивни на допинг-тестовите, експресно се демантирани од страна на ФИБА Европа.Според кусото соопштение на ФИБА, кое што попладнево го пренесе и Кошаркарската федерација на Македонија, се нагласува дека таквите новинарски репортажи се неосновани.„ФИБА Европа ги отфрла сите шпекулации на медиумите кои објавија дека двајца играчи кои настапуваа на Евробаскетот во Литванија, биле позитивни на допинг-тестовите“, стои во соопштението. Притоа се додава дека ФИБА Европа би била првата која би била информирана во врска со позитивни тестови од забранети супстанции за време на Евробаскетот 2011,Овој турнир, како што се истакнува, веќе беше означен како еден од најдобрите и еден од најчистите кошаркарски настани во историјата.Новинарски репортажи кои потекнаа од Литванија и кои подоцна беа репродуцирани низ Европа, укажуваа на двајца кошаркари кои биле позитивни на тестови за забранети супстанции за време на Евробаскетот.Еден шпански и еден македонски кошаркар биле наводно позитивни на допинг контролата на неодамнешното европско првенство во Литванија, пренесе вечерва Хина повикувајќи се на литванските медиуми.Хрватската новинска агенција нагласи дека имињата на двајцата кошаркари не се соопштени, ниту за какво средство станува збор. „Двајцата кошаркари имале неприродно високо ниво на тестостерон, што се’ уште не е позитивен допинг тест. Двата примерока се испратени во централата на ФИБА Европа каде ќе бидат извршени дополнителни тестираа“, изјави попладнево директорката на Литванската анти-допинг агенција, Еве Станикуниене. Таа не сакаше да открие дали станува збор за допинг или дрога.„Се’ објаснивме во извештајот кој го испративме во ФИБА“, додаде Станикуниене која дополни дека на Европското првенство биле извршени 76 допинг тестов.Освен земање на недозволени стимуланси, постојат уште најмалку три објаснувања за ненормалното високо ниво на тестостерон кај луѓето, организмот го произведува хормонот повеќе од обично, играчот земал дроги или има тумор.„Оваа информација одекна како гром од ведро небо“, изјави за агенцијата директорот на сите репрезентации на Кошаркарската федерација на Македонија, Илија Мерџановски. Тој нагласи дека сите во Македонија се шокирани и дека до попладнето немало никаква информација за наводен допинг од седиштето на ФИБА во Минхен. Шпанската кошаркарска федерација веднаш го демантираше пишувањето на литванските медиуми.„Таквите медиумски шпекулации се без основа. Ние сме спокојни. Би биле првите коишто би го дознале тоа доколку е сторена некоја неправилност. Турнирот во Литванија заслужи оцена на еден од најдобрите и најчистите во историјата на кошарката“, изјавија од репрезентацијата на актуелните европски кошаркарски прваци. /крај/ап/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рајмунд сензационален победник на малата скокалница
Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.
Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.
Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.
Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.
Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.
Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.
Foto/ EPA
Спорт
Кам-бек на Серена Вилијамс
Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.
Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.
„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:
„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.
Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.
Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.
Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.
Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.
Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.
Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.
Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).
Foto/ depositphotos
Спорт
„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“
Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.
Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.
Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.
Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.
Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.
Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.
„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.
Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

