Спорт
Шахистите 30-ти на ЕП, титулата ја освои Германија

Македонската шаховска репрезентација, во конкуренција на 38 селекции, го свои 30-то место на Европското првенство чии домаќин беше Грција. Во последното коло на 18-то ЕП, Македонија со 4:0 го победи Велс.
Македонската шаховска репрезентација, во конкуренција на 38 селекции, го свои 30-то место на Европското првенство чии домаќин беше Грција. Во последното коло на 18-то ЕП, Македонија со 4:0 го победи Велс.
Титулата на континеталниот шаховски собир ја освоија репрезентативците на Германија, зад нив со медали се закитија Азербејџан (сребро) и Унгарија (бронза). Разочараа фаворизираните Руси, кои иако дојдоа со најголем рејтинг на крајот го освоија петтото место.
Звонко Станојоски беше најдобриот македонски шахист, освојувајќи пет поени во осумте одиграни партии. Станојоски на ЕП имаше четири победи, два порази, и два пати ремизираше.
Трајко Недев и Филип Панчевски одиграа по седум партии на ЕП, во нив освоија по четири поени.
Разочарувачи настап на континенталниот собир во Грција имаше Владимир Георгиев, кој во седумте партии освои само два поени.
Европската титула во конкуренција на дамите ја освои селекцијата на Русија, среброто и припадна на Полска, а бронзата на Грузија. крај/макфакс/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.
Спорт
Керкез потпиша за Ливерпул: После ова одам во мојот роден град

Милош Керкез официјално е фудбалер на Ливерпул. Тој потпиша договор со шампионите на Англија и истакна дека едвај чека да започне авантурата на Енфилд.
Левиот бек потпиша петгодишен договор, со што го комплетираше трансферот од Борнмут во Ливерпул вреден 47 милиони евра.
– Чест и привилегија е да се игра за еден од најголемите клубови во светот и најголемиот во Англија. Навистина сум многу среќен и возбуден – рече Керкез.
Унгарскиот репрезентативец роден во Врбас ги откри своите понатамошни планови.
– После ова, си одам дома во мојот роден град, да уживам неколку дена. А потоа доаѓам да тренирам и да се подготвам за новата сезона. Едвај чекам.
Минатата сезона Керкез играше во Борнмут и на 41 натпревар постигна два гола и запиша шест асистенции.
Спорт
Луис-Скели потпиша нов договор со Арсенал

Мајлс Луис-Скели ја продолжи соработката со Арсенал и потпиша нов петгодишен договор.
18-годишникот си обезбеди место во првиот тим во текот на изминатата сезона.
Дебитираше во септември, во дуелот против Манчестер Сити, а оттогаш одигра 39 натпревари.
Својот прв гол го постигна во победата од 5:1 против истиот ривал, а го доби и својот прв повик во сениорската репрезентација.
Својот прв настап за Англија го круниса со гол против Албанија.