Спорт
Пандев од Неапол ќе се сели во Андалузија?
Горан Пандев сигурно нема да игра во пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Албанија, исто како што е сигурно дека капитенот на националниот тим не е повреден.
Горан Пандев сигурно нема да игра во пријателскиот натпревар помеѓу Македонија и Албанија, исто како што е сигурно дека капитенот на националниот тим не е повреден. Потврда на ова е информацијата која е објавена на интернет страницата на Наполи, дека Пандев постигнал два гола за својот тим во дуелот против младинската екипа. На овој начин Пандев си поигра со својот углед, кој макотрпно со години го гради во Серија А, но и со угледот на националниот тим, и секако со авторитетот на селекторот Тошак. Квалитетите на Пандев не се спорни, контролата со Албанија може да помине и без него, но струмичанецот можеше да „одигра“ подобро, доколку е во фаза на преговори за нов трансфер, можеше во договор со Тошак да ја извести јавноста, дека пријателската со Албанија ќе ја пропушти поради приватни причини. Веројатно тука ќе застанеа сите критики кои беа упатени на негова адреса. Пандев ќе го напушти Наполи, во Интер нема да се враќа, туку ќе оди во Шпанија, ова го тврди шпанскиот весник „ABC“. Според весникот, екипата на Севиља на нешто помалку од месец до почетокот на зимскиот преоден рок (од 1 до 31 јануари 2012) веќе започнала преговори со одредени фудбалери, со цел тимот да се засили за вториот дел од сезоната во кој ќе се брка пласманот во Лигата на шампиони. Еден од играчите кои е наоѓа на листата на желби на менаџментот на Севиља е и капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев. Пандев во моментов како позајмен играч од Интер настапува за Наполи, но од доаѓањето во Неапол Македонецот не успеа да му се наметне на тренерот Валтер Мацари. Стратегот на Наполи од почетокот на сезоната во нападот игра со Кавани и Лавеци, додека поддршка во нападот им дава Хамшик. Поради тоа весникот „ABC“ пишува дека најверојатно Интер ќе го врати Пандев назад за тој да биде продаден на Севиља. Според весникот Пандев до крајот на викендот треба да се сретне со менаџерот Рамон Монки и да ги договори условите под кои тој би се преселил во прволигашот од Андалузија. Дека трансферот на Пандев во Севиља е само прашање на време, потврдуваат и информациите од Италија – Масимо Морати првиот човек на Интер, наводно, бил задоволен од понудата за трансфер, додека во Наполи не се противат Пандев да замине, бидејќи во клубот не биле задоволни од она што Македонецот го презентирал од доаѓањето во оваа екипа. Инаку, Севиља покрај Пандев, во јануарскиот преоден рок планира да се засили со уште двајца играчи. Започнати се преговорите со Тотенхем за Мексиканецот Џовани дос Сантос, кој во шпанскиот фудбал би можел да се врати за сума од околу четири милиони евра. Севиља има желба на „Санчез Писхуан“ стадионот да го врати и својот поранешен играч, Хозе Антонио Рејес. По ова прашање од сегашниот клуб на Рејес, Атлетико Мадрид, велат дека не знаат ништо, но дека нема да се противат доколку за Рејес на адреса на клубот стигне примамлива понуда. крај/abc/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Станковиќ официјално се врати на „Маракана“
Дејан Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда, како и во 2019 година, кога за прв пат стана тренер на својот сакан клуб, го наследи Владан Милојевиќ на оваа позиција. На официјалната промоција, Станковиќ открик би променил, која е неговата голема цел, а со одбрани зборови зборуваше за Синиша Михајловиќ, но и за тандемот Александар Катаи-Мирко Иваниќ.
Владан Милојевиќ без изјава замина од Црвена звезда, преку веб-страницата на црвено-белиот тим кратко рече: „Ти благодарам за се Црвена звезда, те сакам“.
Во саботата, по последниот натпревар на клубот оваа година беше познато дека на „Маракана“ се враќа, Дејан Станковиќ, кој според српските медиуми потпишал две ипол годишен договор.
Помеѓу два мандати во Звезда, Дејан Станковиќ работеше во Сампдорија, Ференцварош и Спартак Москва, а се врати во клубот, како што беше наведено, за да ја освои двојната круна и да стигне до Лигата на шампионите преку квалификациите, што претходно не му успеа.
Станковиќ со тоа повторно ќе ја продолжи или поточно ќе ја заврши работата што ја започна Владан Милојевиќ, овој пат со бод заостанување во домашното првенство и голема шанса за пласман во Лигата на Европа.
Foto/ freerangestock
Спорт
Македонија назадуваше на ранг листата на ФИФА
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше на последната ранг-листа на ФИФА за 2025 година.
Македонија, календарската година ја заврши на 66-то место, што во однос на претходното рабгирање, преставува пад од едно место.
Македонската репрезентација задавуваше на сметка на Јордан, селекција која направи скок за две места на листата.
Пред Македонија, меѓу другте на листата меѓудруготе се Хондурас, Јордан, Албанија, Буркина Фасо, Јужна Африка, Саудиска Арабија…
На новата ранг листата на ФИФА нема промени во Топ 10. На врвот е Шпанија, пред Аргентина и Франција.
Топ 10: Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, откри дека неговите играчи ќе бидат измерени штом ќе се вратат од краткиот божиќен одмор.
Целта е да се провери дали ја одржале потребната физичка подготвеност за натпреварот против Нотингем Форест закажан за 27 декември, пишуваат британските медиуми.
По победата од 3:0 над Вест Хем во саботата, Гвардиола јасно стави до знаење што очекува од својот тим за време на празниците. Играчите беа измерени пред тој натпревар и ги исполнија потребните стандарди.
„Во моментот кога ќе се вратат по три дена одмор, сакам да видам како се. Можат да јадат, но сакам да ги држам под контрола“, рече 54-годишниот стратег.
Предупредувањето беше недвосмислено:
„Замислете играч кој сега е во совршена форма, но се враќа со три килограми вишок. Тој ќе остане во Манчестер, нема да патува во Нотингем“
Пристапот на Гвардиола кон подготвеноста на играчите е добро познат. Во 2016 година, тој ги отстрани членовите на тимот од тренинзите на првиот тим додека не ја достигнат својата оптимална тежина.
Поранешниот дефанзивец на Сити, Гаел Клиши, откри како познатиот Каталонец им забранил на играчите пица, одредени сокови и друга „тешка храна“.
Foto/ Depositphotos

