Спорт
Прием за каратистите Илиевска и Несторовски во АМС

Денеска во Агенцијата за млади и спорт, директорот Лазар Поповски организираше прием за каратистите Наташа Илиевска (борби – 55 кгр) и Мартин Несторовски (борби + 84) по повод освојувањето на првите места на светската ранг листа (Премиер карате лига).
Денеска во Агенцијата за млади и спорт, директорот Лазар Поповски организираше прием за каратистите Наташа Илиевска (борби – 55 кгр) и Мартин Несторовски (борби + 84) по повод освојувањето на првите места на светската ранг листа (Премиер карате лига).Поповски им го честиташе големиот успех на каратистите Наташа Илиевска и Мартин Несторовски и им се заблагодари што вистински покажаа како се брани и како се настапува под македонското знаме. Воедно, тој истакна дека ова претставува еден од најголемите успеси на македонскиот спорт во поединечна конкуренција и дополни дека Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи да вложува и да посветува внимание на каратистите. Илиевска и Несторовски, коишто се стипендисти од Светска категорија на Агенцијата за млади и спорт, заблагодарувајќи се за поддршката што ја добиваат од Агенцијата, додадоа оти во иднина ќе продолжат со уште позасилено темпо да тренираат и да ги бранат боите на Република Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Њукасл му одговри на Исак: Никој ништо не му ветил

Шведскиот фудбалер Александер Исак вчера за прв пат јавно проговори за својата желба да го напушти Њукасл. Исак меѓу другото напиша дека клубот го прекршил ветувањето, па доби остар одговор.
„Кога ветувањата се прекршуваат и довербата се губи, односот не може да продолжи. Цврсто верувам дека промената е во најдобар интерес на сите, не само на мене. Така стојат работите во моментов, според мене“, напиша Исак на социјалните мрежи, откако од колегите фудбалери беше избран во идеалниот тим на Премиер лигата за сезоната 2024/2025.
Њукасл веднаш потоа објави соопштение во кое го осудува потегот на Исак.
„Разочарани сме што дознавме за објавата на Александер Исак преку социјалните мрежи. Јасно велиме дека Алекс останува под договор и дека ниту еден клупски лидер никогаш не му дал ветување дека може да си замине ова лето“, се вели во соопштението на Њукасл.
Тие додадоа дека ги штитат интересите на клубот.
„Условите за неговата продажба ова лето не се исполнети и не очекуваме тоа да се промени. Алекс е дел од нашето семејство и ќе биде добредојден кога ќе им се придружи на своите соиграчи“, рекоа од „Сент Џејмс Парк“.
Њукасл одби две понуди од Ливерпул за Исак, а последната наводно изнесува 140 милиони евра.
До крајот на преодниот рок остануваат уште 11 дена.
Исак: Кога ветувањата се прекршени, врската не може да продолжи
Спорт
ФИБА ја „сопна“ БиХ – Гарза нема да патува на Евробаскетот

Кога селекторот Адис Беќирагиќ го објави проширениот список на репрезентацијата на Босна и Херцеговина за претстојното Европско првенство, на него беа двајца странци,
Хавиер Кастанеда и Лука Гарза. Босанците се надеваа дека Гарза, играч на Минесота, ќе добие дозвола за настап, но ФИБА уште еднаш потврди дека само еден странски играч може да игра за репрезентацијата.
ФИБА не дозволи Босна и Херцеговина да го регистрира Лука Гарза како домашен кошаркар, бидејќи неговиот татко е Американец, а тој е роден во САД.
Френк Гарза објави дека ќе ја тужи ФИБА за оваа одлука, откако селекторот Беќирагиќ рече дека Лука нема да биде на конечниот список и дека Кастанеда е повеќе потребен на нивната репрезентација.
„Гарза би сакал да игра без сомнение, но во нашата конфигурација ни треба плејмејкер. Особено таков што може да постигнува поени од далечина и да ни помогне во нападот. Од самиот почеток некако знаевме дека тој нема да биде таму. За секој случај, ако нешто се случи со Кастанеда, но ова е нашата прва опција“, рече селекторот на БиХ, Адис Беќирагиќ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина има доволно силна внатрешна линија со Јусуф Нуркиќ, Кенан Камењаш и Амар Алибеговиќ.
Евробаскетот ќе се одржи во четири земји: Латвија, Полска, Финска и Кипар. Репрезентацијата на Босна ќе игра во Лимасол заедно со репрезентациите на Грција, Италија, Шпанија, Грузија и домаќинот Кипар.
Турнирот започнува на 27 август и трае до 14 септември. Последниот дел од турнирот ќе се одржи во Рига.
Спорт
(Видео) Нестварен кикс и прекрасен лоб од 25 метри во ЛШ

Клуб Бриж направи џиновски чекор кон главната фаза од Лигата на шампионите. Белгискиот тим славеше синоќа со 3:1 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, во првиот плејоф натпревар.
Стрелци за гостите беа Ромео Вермант во 3-та, Јорне Шпилеерс во 7-та и Брендон Мехеле во 20-та минута, додека единствениот гол за домаќините го постигна Данило во 50-та минута.
Првиот гол на Бриж беше постигнат по неверојатната грешка на Насер Џига. Дефанзивецот на Ренџерс ја имаше топката близу центарот, но необјасниво му ја предаде на ривалот Вермонт. Тој го прифати подарокот и истрча со топката кон голот, а потоа со брилијантен лоб од 25 метри го совлада Џек Батланд.