Контакт

Спорт

Баерн совладан на „Алианц“ од Борусија

Објавено пред

Во дербито од 13-то коло од геrмaнскиот фудбалски шампионат актуелниот првак Борусија од Дортмунд како гостин на „Алианц Арената“ го совлада водечкиот Баерн од Минхен со 1:0.

dobivaj vesti na viber

Во дербито од 13-то коло од германскиот фудбалски шампионат актуелниот првак Борусија од Дортмунд како гостин на „Алианц Арената“ го совлада водечкиот Баерн од Минхен со 1:0.Единствениот погодок на мечот го постигна Марио Геце во 65 минута. Со оваа победа Борусија го намали заостанувањето зад Баерн на само два бода. Баварците имаат сега 28 бодови, а Борусија е втора со 26 бодови.Борусија од Менхенгладбах убедливо со 5:0 го победи Вердер и бодовно се изедначи со имењакот од Дортмунд но е на трета позиција со послаба гол разлика.  Стрелци за домашните беа Хемран во 16, Реис во 23, 38 и 51 минута, а Аранго ја заврши серијата во 53 минута.Волфсбург со 4:1 го победи Хановер 96. Двоен стрелец беше Салихамиџиќ во 22 и 36 минути, а по еден за домашните дадоа Крис во 55 и Мадлунг во 74 минута, додека Шулц во 43 минута намали за гостите. Волфсбург е 12-ти со 16 бодови, додека Хановер 96 останува до недела на 7-та позиција со 19 бодови, позиција на којашто атакуваат Штутгард, Хофенхајм и Келн. Шалке 04 беше убедлив со 4:0 против Ноемберг, а погодоците ги постигнаа Хунтелар во 16 и 66 минута, Раул и Холтби во 39 и 84 минута. Шалке ја потврди високата четврта позиција со бод помалку од пред него двете Борусии и три помалку од водечкиот Баерн. Ноернберг, пак, е 15-ти со 12 бодови и е пред самата опасна зона на испаѓање во лигата со 18 клубови. Фрајбург и Херта одиграа 2:2, иако гостите со головите на Рамос во 20 и Ниемајер во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме. Во 61 година за домашните изедначи Рејсингер а бодот беше спасен од истиот играч во петтата минута од судиското продолжение.  Фрајбург е 15-ти со 12 бодови, а Херта се задржа на 10-то место со 17 бодови. Во петокот Баер со головитена Балак во 54 и Сам во 70 минута на гости го совлада Кајзерслаутерн. Баер ја потврди 6-та позиција со 19 поени а Кајзерслаутерн е 13-ти со исто толку бодови.

Мечот меѓу Келн и Мајн којашттребаше да се одигра во саботат беше одложена само 40 минути пред почетокот со образоложение за „ненадејна спреченост ан судијата“, Според пишувањето на локалниот весник Express, судијата Бабак Рафати се обидел да се самоубие.

Во недла се среќаваат Штутгард – Аугсбург и Хамбургер СВ – Хофенхајм./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Рајмунд сензационален победник на малата скокалница

Објавено пред

Германецот Филип Рајмунд ја шокира конкуренцијата и го освои златниот медал на малата сколаница на Зимските олимписки игри во Милано и Кротина.

dobivaj vesti na viber

Покрај Германецот изненади и Полјакот Каспер Томашијак, тој заврши на втората позиција.

Оценките на судиите беа пресудни, во борбата межу нив двајца. Филип Рајмунд го освои златниот медал, и покрај тоа што Каспер Томашјак имаше подолги скокови и во првата и во втората серија. Благодарение на неговиот добар стил и доскок, Германецот стана олимписки шампион и покрај тоа што нема ниту победа во Светскиот куп.

Бронзата им припадна на Грегор Дешванген од Швајцарија и Рени Никаидо од Јапонија.

Разочара Словенецот Домен Превц, победникот на Новогодишната турнеја и светски првак во ски летовите. На крајот го освои шестото место.

Следниот натпревар, мажите ќе го имаат на 14 февруари на големата скокалница, ден подцна ќе се натпреваруваат и дамите.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Кам-бек на Серена Вилијамс

Објавено пред

Серена Вилијамс се враќа на тениските терени.

dobivaj vesti na viber

Оваа ексклузива ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на својот блог.

„До крајот на овој месец, Серена Вилијамс, ќе се стекне со право да се натпреварува, бидејќи завршува шестмесечна програма за тестирање на нејзините можности“, напиша Ротенберг и додаде:

„Враќањето на Серена сега е официјално – официјално“.

Сопственичката на 23 гренд слем трофеи во сингл не играла професионален тенис 1.256 дена, практично откако загуби во третото коло на Отвореното првенство на САД од Ајла Томљановиќ на 2 септември 2022 година.

Една од најголемите тенисерки на сите времиња има 44 години и две деца.

Серена го имаше своето професионално деби во октомври 1995 година, пред 31 година.

Во меѓувреме, таа освои 73 титули во поединечна конкуренција, вклучувајќи седум титули на Австралија Опен, три на Ролан Гарос, седум на Вимблдон и шест титули на Ју-ес Опен.

Таа има и 23 титули во двојки, од кои 14 на „главните турнири“, каде што оствари и два триумфа во микс-дубл. Освои една титула во ФЕД и две во Хопман купот, секако е важно да се споменат четири олимписки златни медали – едно во поединечна конкуренција (2012) и три во двојки (2000, 2008 и 2012) освоени со постарата сестра Венус.

Серена Вилијамс помина 319 недели на врвот на ранг-листата на ВТА.

Ова ја прави втора најуспешна тенисерка во историјата според тој критериум, зад Штефи Граф (377 недели).

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

„Ова е доказ зошто ВАР системот апсолутно не функционира“

Објавено пред

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел се приклучи на дискусиите и негодувањата по дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити, кое гостинскиот тим го доби со 2:1.

dobivaj vesti na viber

Некогаш еден од најдобрите голмани во светот не штедеше зборови кога коментираше за судењето и примената на ВАР технологијата.

Шмајхел, кој долго време јавно го оспорува воведувањето на видео асистентот во фудбалот, конкретно се осврна на ситуацијата на крајот од натпреварот на „Енфилд“.

Контроверзен момент беше поништениот гол на Рајан Шерки, со кој Сити можеше да поведе со 3:1, додека во исто време Доминик Собослај доби црвен картон, откако претходно го фаулираше Ерлинг Халанд.

Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Сити им изјави на англиските медиуми дека не гледа логика во таквата одлука, потсетувајќи дека главниот судија Крег Посон првично го призна голот. Дури по консултација со својот колега Џон Брукс од ВАР собата ја променил својата одлука.

Шмајхел вели дека интервенцијата била целосен неуспех.

„Едноставно не разбирам. Одлуката на теренот е гол. Требаше така да остане. За мене, ваков епилог е доказ зошто ВАР апсолутно не функционира. Нема смисла да им се дозволи на судиите да прават нешто вакво… Која е целта? И Ливерпул сакаше голот да биде потврден, бидејќи кога го поништија црвен картон доби Собослај“, рече меѓу другото Петер Шмајхел.

Сличен став изрази и менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, кој по натпреварот оцени дека одлуката не и користи на ниту една страна, прашувајќи „каде е тука здравиот разум?“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет29 минути

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија2 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија2 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет2 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет4 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет4 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет4 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа5 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет5 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет5 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет17 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија17 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија18 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија19 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ22 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија23 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ24 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија24 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...