Спорт
Ѓоковиќ спаси меч топка за да го победи Бердих
Најдобриот светскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, со победа го започна настапот на Мастерс купот во Лондон.
Најдобриот светскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, со победа го започна настапот на Мастерс купот во Лондон. Ѓоковиќ, во рамките на А групата мина низ вистински пекол против Чехот, Томаш Бердих, Србинот спаси една меч топка пред да стигне до победата. Бердих одлично го отвори мечот во „О2“ арена освојувајќи ги првите четири гема. Ѓоковиќ до крајот успеа да врати еден гем, но немаше сили за пресврт, Бердих првиот сет го доби со 6:3. Ѓоковиќ во вториот сет возврати со иста мерка, правејќи брејк на стартот од сетот. Во решавачкиот трет сет двајцата тенисери го чуваа својот сервис, се до шестиот гем кога Бердих му го одзеде сервисот на противникот поведувајќи со 4:2, но Ѓоковиќ, веднаш во следниот гем направи рибрејк. Бердих при резултат 6:5, на сервис на противникот имаше меч топка, но немаше нерви да стигне до победата. Во тај брејкот Ѓоковиќ делуваше сигурно, ги искористи грешките на Бердих со што стигна до победата. Новак Ѓоковиќ ја забележа 70-та победа оваа сезона, додека триумфот над Бердих беше негов осми во меѓусебните девет одиграни мечеви. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

