Спорт
Нови предизвици за Антиќ, Мекејлеб, Вилкинсон и Илиевски во ЕЛ
Вечерва во кошаркарската Евролига започнува вториот круг од на натпреварите, во фазата по групи. На програмата ќе биде по еден меч од секоја група, а свој настап ќе имаат сите македонски преставници во елитното натпреварување.
Вечерва во кошаркарската Евролига започнува вториот круг од на натпреварите, во фазата по групи. На програмата ќе биде по еден меч од секоја група, а свој настап ќе имаат сите македонски преставници во елитното натпреварување.
Капитенот на македонската репрезентација, Перо Антиќ со Олимпијакос ќе го пречека Билбао, двата тима по првите пет кола имаат учинок од две победи и три порази. Билбао на првиот меч победи, убедливо, со 76:61.
ЦСКА Москва по пет кола, во Групата Б, има исто толку победи, во шестото коло „армејците“ ќе играат на домашен терен против Жалгирис. ЦСКА во првото коло како гостин, во Каунас, го победи Жалгирис со 87:74. На овој меч ЦСКА ќе настапи без својата прва ѕвезда, Андреј Кириленко.
Владо Илиевски со Анадолу Ефес ќе го пречека Партизан, турскиот тим по пет кола има негативен скор од две победи и три порази. Партизан во Истанбул доаѓа на крилјата, на големата победа во Милано против Армани. Илиевски и Ефес ќе се обидат да ја забележат и втората победа против овој противник оваа сезона, на првиот меч во Белград, Анадолу Ефес победи со 84:73.
Еден против друг, во рамките на Групата Д, ќе играат натурализираните Лестер Бо Мекејлеб и Мајк Вилкинсон. Монтепаски на Мекејлеб е второпласиран во оваа група, „банкарите“ имаат еден пораз досега, додека рускиот Уникс се наоѓа на третото место со три победи, во петте одиграни натпревари. На првиот меч одигран во Казан, Монтепаски победи со 79:71. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.
Спорт
Гвардиола во Сити на засилувања потрошил 2 милијарди евра
Со трансферот на Антоан Семењо од Борнмут, вреден 72 милиони евра, Пеп Гвардиола стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој потрошил повеќе од две милијарди евра за засилувања, во само во еден клуб.
Оваа сума во Манчестер Сити, Гвардиола ја потроши за нешто помалку од една деценија.
Шпанецот е без сомнение еден од најголемите тренери на сите времиња и многумина веруваат дека ги надминал достигнувањата на своите современици и претходници низ историјата на фудбалот.
Не е потребно да се зборува за колекцијата трофеи на Пеп, но неговата важност лежи во фактот дека тој целосно го промени модерниот фудбал со идеи, решенија, идеи и визија. Сепак, тоа чинеше многу пари.
Единствената сенка врз неговиот импресивен успех во Англија е количината пари што ги потрошил за трансфери откако пристигна на „Етихад“ во 2016 година – повеќе од 2.000.000.000 евра. Тоа е сумата потрошена за нови играчи, без да се земат предвид нивните плати и бонуси.
Но, во истиот период, Сити исто така продаваше играчи, секако не во толкава мера, што салдото на Гвардиола во табелата „инвестирано/заработено“ се одразува на 1,1 милијарди евра минус.
Џек Грилиш останува неговиот најскап трансфер, тој беше платен 117,5 милиони евра на Астон Вила.

