Спорт
Квалификациите за Бразил ги отвораме со Хрватска

Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна распоредот за квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство, кое во 2014 година ќе се одржи во Бразил.
Фудбалската репрезентација на Македонија го дозна распоредот за квалификациските натпревари, за пласман на Светското првенство, кое во 2014 година ќе се одржи во Бразил.
Преставниците на Македонија, Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс, на состанокот во Брисел го договорија распоредот на натпреварите.
Македонија квалификациите ќе ги отвори и затвори на гостински терен, против Хрватска, односно Србија. Македонија ќе гостува во Хрватска на 7. септември следната година, четири дена подоцна избраниците на Џон Тошак ќе патуваат во Шкотска.
Последниот натпревар во квалификациската Група 1, Македонија ќе го одигра во Србија на 15. октомври 2013 година.
Распоред на мечевите на ѐмакедонија за пласман на СП во Бразил:
07.09. 2012 Хрватска – Македонија11.09. 2012 Шкотска – Македонија12.10. 2012 Македонија – Хрватска16.10. 2012 Македонија – Србија22.03. 2013 Македонија – Белгија26.03. 2013 Белгија – Македонија06.09. 2013 Македонија – Велс10.09. 2013 Македонија – Шкотска11.10. 2013 Велс – Македонија15.10. 2013 Србија – Македонија. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.
Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.
Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:
„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“
"The Swedish manager Jon Dahl Tomasson deserves a big big big compliment" 👏
Arne Slot on if Alexander Isak is ready to make his Liverpool debut for Burnley, after playing with Sweden during the international break pic.twitter.com/XBlT795zjS
— Sky Sports News (@SkySportsNews) September 12, 2025
Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:
„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“
Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Синот на Роналдињо во Чемпионшип

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш (20) потпиша едногодишен договор со англискиот клуб Хал.
Англискиот клуб, член на Чемпионшип, со пораката „Добредојде Жоао“, го официјализираше трансферот на фудбалерот кој ќе се обиде да се докаже во нова средина.
Досега, Жоао не играше сериозен фудбал во континуитет.
Претходната сезона ја помина во Барнли, без ниту еден настап, не регистрираше ниту еден натпревар за сениорите (играше за тимот до 21 година), па ги напушти редовите на новиот член на Премиер лигата по само една сезона.
Претходно, како јуниор, играше за бразилските клубови Фламенго, Боависта, Васко да Гама и четири сезони за Крузеиро. Својата европска кариера ја започна во Барселона, каде што не ја помина пробата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Првиот човек на УЕФА за Србија – Албанија: Треба да се ослободиме од идиотите…

Александар Чеферин, претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), го коментираше претстојниот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките на квалификациите за Светското првенство.
Србија ќе игра против Албанија на 11 октомври (20:45 часот), најверојатно на малиот стадион во Лесковац (капацитет 8.000 седишта), а пред тој натпревар Чеферин испрати силна порака.
„Мојата порака, не само за овој натпревар, туку за сè, е дека фудбалот и спортот треба да ги зближуваат луѓето, а не да ги разделуваат. Треба да се ослободиме од тие идиоти кои го користат фудбалот за своите апсурдни идеи. Тие не го сакаат фудбалот, тие се сакаат само себеси и го користат за да ги шират своите бесмислени идеи“, рече Чеферин од Тирана.
Поранешниот словенечки судија беше во главниот град на Албанија на состанок на Извршниот комитет на управното тело, каде што беа решени прашања поврзани со градовите и стадионите домаќини на финалето на европските купови во 2027 година.
Таму беше направена промена во врска со терминот на почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите, кое повеќе нема да се игра од 21 часот.
Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.
Фото/ Принтскрин