Контакт

Спорт

НБА: Нема крај на преговорите

Објавено пред

Преставниците на Унијата на НБА кошаркарите и сопствениците на клубовите одржаа нов состанок на кој се обидеа да изнајдат решение за прекинување на „локаутот“. Детални информации од состанокот – нема.

dobivaj vesti na viber

Преставниците на Унијата на НБА кошаркарите и сопствениците на клубовите одржаа нов состанок на кој се обидеа да изнајдат решение за прекинување на „локаутот“. Детални информации од состанокот – нема. Според „Њујорк Тајмс“ постои надеж дека сезоната би можела да започне, и дека до крајот на регуларниот дел од првенството би одиграл по 66 натпревари. Нов состанок на засегнатите страни е договорен за во петок. Преговорите за почеток на сезоната во НБА лигата запнаа околу поделбата на приходите, кој изнесуваат околу четири милијарди долари. Последниот предлог на сопствениците, кој Унијата на кошаркарите го одби, беше приходите да се делат 50/50, претходни играчите од овој колач добиваа 57 отсто.  крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Слот зборуваше за Исак, но и за неуспешниот трансфер на Гуеи

Објавено пред

Арне Слот одржа прес конференција пред натпреварот со Барнли во Премиер лигата. Видно располоѓен, Холанѓанецот одговараше на прашањата поврзани со Александер Исак и Марк Гуеи.

dobivaj vesti na viber

Слот е задоволен од фактот што Александар Исак се врати во Англија по репрезентативната пауза подготвен за игра. Швеѓанецот долго време не одиграл официјален натпревар, па затоа постоеше ризик од повреда.

Поради ова причина Слот го пофали селекторот на Шведска, Јон Дал Томасон:

„Шведскиот тренер заслужува огромен комплимент. Одигра два важни натпревари, а го имаше еден од најдобрите, ако не и најдобриот напаѓач на клупата, но знаеше дека ако Исак играше двапати по 90 минути, ќе се повреди и тоа би значело дека нема да биде на теренот неколку недели.“

Слот зборуваше и за неуспешниот трансфер на Марк Гуеи во Ливерпул:

„Би било лудо ако негирам дека бевме блиску до неговиот трансфер. Такви работи се случуваат во фудбалот. Сакавме да го доведеме, се обидовме, но не успеавме.“

Ливерпул ќе го пречека Барнли во Премиер лигата во недела од 15:00 часот, а се очекува Исак да дебитира за клубот од „Енфилд“.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Синот на Роналдињо во Чемпионшип

Објавено пред

Синот на славниот Роналдињо, Жоао Мендеш (20) потпиша едногодишен договор со англискиот клуб Хал.

dobivaj vesti na viber

Англискиот клуб, член на Чемпионшип, со пораката „Добредојде Жоао“, го официјализираше трансферот на фудбалерот кој ќе се обиде да се докаже во нова средина.

Досега, Жоао не играше сериозен фудбал во континуитет.

Претходната сезона ја помина во Барнли, без ниту еден настап, не регистрираше ниту еден натпревар за сениорите (играше за тимот до 21 година), па ги напушти редовите на новиот член на Премиер лигата по само една сезона.

Претходно, како јуниор, играше за бразилските клубови Фламенго, Боависта, Васко да Гама и четири сезони за Крузеиро. Својата европска кариера ја започна во Барселона, каде што не ја помина пробата.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Првиот човек на УЕФА за Србија – Албанија: Треба да се ослободиме од идиотите…

Објавено пред

Александар Чеферин, претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), го коментираше претстојниот натпревар меѓу Србија и Албанија во рамките на квалификациите за Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Србија ќе игра против Албанија на 11 октомври (20:45 часот), најверојатно на малиот стадион во Лесковац (капацитет 8.000 седишта), а пред тој натпревар Чеферин испрати силна порака.

„Мојата порака, не само за овој натпревар, туку за сè, е дека фудбалот и спортот треба да ги зближуваат луѓето, а не да ги разделуваат. Треба да се ослободиме од тие идиоти кои го користат фудбалот за своите апсурдни идеи. Тие не го сакаат фудбалот, тие се сакаат само себеси и го користат за да ги шират своите бесмислени идеи“, рече Чеферин од Тирана.

Поранешниот словенечки судија беше во главниот град на Албанија на состанок на Извршниот комитет на управното тело, каде што беа решени прашања поврзани со градовите и стадионите домаќини на финалето на европските купови во 2027 година.

Таму беше направена промена во врска со терминот на почетокот на финалниот натпревар во Лигата на шампионите, кое повеќе нема да се игра од 21 часот.

Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Комбето со работници паднало од мостот во реката: ОЈО изврши увид по тешката несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од...

Македонија1 час

ДУИ: Со амин на Бујаре Абази од „Вреди“, српска банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Демократската унија за интеграција изразува, како што велат, длабока загриженост во врска со потврдата на планот за навлегување на српскиот...

Македонија1 час

(Видео) Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори...

Македонија2 часа

„Вардариште“ е обезбедено, останува „Дрисла“, проблемот ќе биде саниран за една недела, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјавата за промоција на изборната коалиција за претстојните локални избори на новинарско прашање во...

Топ2 часа

Тројца загинати и двајца повредени: тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Радовиш

Три лица загинаа а двајца се повредени, меѓу нив возачот на возилото кое денеска излета од патот Штип-Радовиш. Според МВР...

Македонија5 часа

Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната, вели Ангелов

Чадењето од депонијата Дрисла е се уште присутно, но во многу помал обем и не е причина за маглата, вели...

Европа7 часа

(Видео) Огромен украински напад врз Русија: Москва е исто така цел, испратени десетици дронови

Масовен напад со беспилотни летала беше извршен ноќва во неколку региони во Русија, насочени кон Москва и Санкт Петербург, објавија...

Свет7 часа

(Видео) Венс ја држеше раката на ковчегот на Кирк додека војниците го качуваа во авионот

Ковчегот со телото на Чарли Кирк пристигна во неговата матична држава Аризона со „Air Force Two“. Уша, сопругата на американскиот...

Свет8 часа

Болсонаро осуден на 27 години затвор

Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор за заговор за воен удар за...

Свет8 часа

Трамп: Вдовицата на Кирк е скршена, напаѓачот е левичарски лудак и животно

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на јужниот тревник на Белата куќа пред да полета за Њујорк. Фокусот на...

Свет8 часа

(Видео) Објавена првата снимка од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Објавено е првото видео од осомничениот за убиството на најистакнатиот американски десничарски активист Чарли Кирк, јавува Си-ен-ен. Видеото, објавено од...

Регион16 часа

Трагедија во Црна Гора: девојка од Србија се удави во близина на Тиват

Попладнево во морето кај Луштица, Црна Гора, нуркачи и членови на Пловечката единица безуспешно се обидуваа да го пронајдат и...

Европа17 часа

Франција и Германија се мобилизираат; Макрон: Му дадов ветување на Туск

Франција денес соопшти дека одлучила да мобилизира три борбени авиони „Рафал“ за заштита на полскиот воздушен простор и источна Европа...

Свет20 часа

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк. „Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од...

Свет21 час

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци

Оружјето за кое се верува дека е употребено во вчерашното пукање врз Чарли Кирк е пронајдено, но осомничениот е сè...

Македонија22 часа

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“

Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, на денешната 7-ма седница, предложи до Владата, а...

Македонија22 часа

Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“

Во доцните попладневни часови, околу 15:15 часот, државниот Инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор поради пожар кој избувна...

Македонија22 часа

Воздухот мириса, но ве уверувам дека не е штетен на ниво што предизвикува здравствени проблеми, вели Алиу

Иако депонијата „Дрисла“ трет ден го полни Скопје со смрдеа на изгорена пластика и гума, министерот за здравство, Азир Алиу,...

Македонија23 часа

„Дрисла“ трет ден ги труе скопјани, Мицкоски со механизација од општествено одговорни компании ќе влезе на депонијата

За пожарот и чадот од депонијата „Дрисла“, кои трет ден ги трујат скопјани, премиерот Христијан Мицкоски вели дека има истрага,...

Македонија24 часа

Мицкоски се извини за Фетаи: Тој се труди да го учи и зборува македонскиот јазик, не го знае оти се иселил на шест години

Потпретседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, течно зборува четири странски јазици, а македонскиот сѐ уште го учи оти...