Спорт
Надал: Ова беше тешка година
Рафаел Надал со една победа и два порази го заврши учеството на АТП Мастерс купот во Лондон.
Рафаел Надал со една победа и два порази го заврши учеството на АТП Мастерс купот во Лондон. Шпанецот во првото коло го победи Марди Фиш, во второто беше експресно поразен од Роџер Федерер, а во третото коло по голема борба загуби од Жо-Вилфред Цонга. Згора на тоа Надал сезонава беше во сенка на Новак Ѓоковиќ, освојувајќи само една Грен слем титула. „Ваков крај на годината не е лесен, тешко го прифаќам ова. Во исто време, ова е можност да сватам какви ќе ми бидат целите за почетокот на наредната сезона. Годината беше тешка за мене, во некои моменти беше позитивна, но генерално имаше повеќе тешки моменти. Морам да прифатам се што се случи и ќе ми биде потребно малку време да размисла како понатаму“, истакна Надал. Сепак сезоната за Надал не завршува со АТП Мастерсот, следната недела го очекува финалето на Дејвис купот, Шпанија во Севиља ќе ја пречека Аргентина. По финалето Надал веднаш ќе ги започне подготовките за новата сезона. „Знам дека единствен начин да ја сменам ситуацијата е повеќе да размислувам за тенисот, да работам како што треба на теренот и надвор од него. Тоа ќе се обидам да го направам следниот месец и потоа следните 12 месеци во 2012 година“, вели Надал, дополнувајќи дека сака 2012 година да ја започне со титула. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

