Спорт
Уште една НБА ѕвезда се пресели во Европа

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Тајрик Еванс, е уште еден, во низата НБА играчи, кои поради „лок аутот“ решија да дојдат во Европа. Еванс од Сакраменто кариерата ќе ја продолжи во екипата на Виртус Рома.
Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Тајрик Еванс, е уште еден, во низата НБА играчи, кои поради „лок аутот“ решија да дојдат во Европа. Еванс од Сакраменто кариерата ќе ја продолжи во екипата на Виртус Рома. Еванс, во сезоната 2009/2010 година беше прогласен за „руки“ на годината во НБА лигата, таа сезона имаше просечно по натпревар 20,1 поен, 5,3 скока и 5,8 асистенции. Минатата сезона поради повреда тој одигра 57 натпревари, со просек од 17,9 поени, 5,6 скокови и 4,6 асистенции по натпревар. Рома по седум кола се наоѓа на 13-то место во италијанското првенство, со скор од 3 победи и 4 порази. крај/б92/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Италија му нуди пасош на Дивиченцо

Италијанската кошаркарска федерација тврди дека е блиску до натурализирање на бекот на Минесота Тимбервулфс, Донте Дивиченцо.
Претседателот на федерацијата Џани Петручи во интервју за „Ла Република“ изјави дека Дивиченцо сака да ја претставува Италија на претстојните натпреварувања.
Очигледно, по завршувањето на сезоната во НБА, тој би дошол во Италија за да ја заврши постапката за добивање пасош.
Селекторот на репрезентацијата Џанмарко Поцеко и Џанлуиџи Датоме наскоро би можеле да отпатуваат во САД за да разговараат со НБА кошаркарот на оваа тема.
Италијанците се обидоа да го натурализираат Паоло Банкеро, но кошаркарот на Орландо го избра дресот на САД.
„Дали се плашам од сличен исход како оној со Банкеро? Не чувствувам одговорност за тоа. Тој ни даде неколку ветувања и на крајот го избра американскиот дрес. Сакаше да се натпреварува на Олимпијадата, но на крајот не замина ни во Париз”, изјави Петручи.
Италијанците неколку пати се обидоа да го убедат Дивиченцо да го облече репрезентативниот дрес, но досега тоа не се случи.
Оваа сезона тој има просек од 11,7 поени, 3,7 скока и 3,8 асистенции, со 40% реализација во шутот за три поени.
Италија ќе учествува на овогодинешниот Евробаскет кој започнува на 27 август.
Спорт
Палмер е повреден, нема да игра за Англија
Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, поради повреда нема да игра за репрезентацијата на Англија на стартот од квалификациите за СП 2026 година, соопшти неговиот клуб.
„Палмер се врати во клубот од кампот на репрезентацијата на Англија поради повреда на мускулот добиена на неделниот тренинг на тимот. Поради таа повреда, Палмер не играше за Челзи против Арсенал во неделата. Палмер поради повредата ќе ги пропушти натпреварите на Англија против Албанија и Летонија”, се вели во соопштението на “сините”.
Англија во петок ја пречекува Албанија, а во понеделник игра против Летонија, на стартот од натпреварувањето во квалификациската група К, во која се и Србија и Андора. Само победникот од групата ќе обезбеди директен пласман на Светското првенство, додека второпласираната селекција ќе се пласира во баражот.
Спорт
Јамал: Ние сме фаворити во Лигата на шампионите

Фудбалерот на Барселона Ламине Јамал ги даде своите прогнози во врска со Лигата на шампионите.
Барселона игра одлично во последно време, а главен придонес за добрите резултати има одличната форма на Рафиња, Јамал и Левандовски.
Младиот фудбалер го истакна својот тим како главен кандидат за освојување на Лигата на шампионите.
„Ние сме фаворити за освојување на Лигата на шампионите сега кога Ливерпул е елиминиран. Не се плашиме од ниту еден тим, ние сме семејство. Не сме истиот тим како лани против ПСЖ“, изјави Јамал.
Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите игра против Борусија Дортмунд и ќе биде јасен фаворит.