Спорт
Вардар во финишот го скрши Охрид
Екипата на Охрид не успеа да остане не поразена во Скопје, во дуел со лидерот во првенството Вардар.
Екипата на Охрид не успеа да остане не поразена во Скопје, во дуел со лидерот во првенството Вардар. Охриѓани се држеа против големиот фаворит се до 89. минута, кога Вељановски успеа да ја погоди мрежата на Охрид, а една минута подоцна победата на „црвено-црните“ ја потврди Гоубадиа. Со новите три бода Вардар ја одржа предноста над Металург од пет бода. „Металурзите“ рутинирано освоија три бода на дуелот со Напредок. Стрелци на головите за Металург беа Чурлинов 24. и Илијоски 67. минута. Брегалница забележа победа над Силекс, со која се искачи на петтото место на табелата. Во Штип, домашниот тим рано го отвори резултатот, уште во 9. минута, кога мрежата на Силекс ја затресе Исени. Предноста на Брегалница, во вториот дел, во 51. минута, ја дуплира Илиев, а истиот играч со својот втор гол во 77. минута го постави конечниот резултат. Темелков во 88. минута го постигна почесниот гол за Силекс.Утре на програмата се две средби од оваа рунда, Хоризонт Турново-Работнички и Шкендија-Ренова, која во понеделник ќе ја комплетираат Тетекс и 11. Октомври. Табела: Вардар 40 бода, Металург 35, Шкендија 29 (-1), Силекс 25, Брегалница 22, Охрид 20, Ренова 19 (-1), Напредок 17 , Работнички 15 (-1), Тетекс 14 (-1), Хоризонт Турново 12 (-1), 11. Октомври 9 (-1). крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

