Спорт
Кикс на Барса, Реал на +6
Барселона загуби во Мадрид на дуелот со Хетафе, одигран во рамките на 13-то коло во Примера, со што големиот конкурент Реал, по победата над Атлетико, на врвот на табелата, се стекна со предност од шест бода.
Барселона загуби во Мадрид на дуелот со Хетафе, одигран во рамките на 13-то коло во Примера, со што големиот конкурент Реал, по победата над Атлетико, на врвот на табелата, се стекна со предност од шест бода. Тренерот на Барселона, Пеп Гвардиола, во мечот со Хетафе влезе без калкулации, со најсилниот тим, но сепак го запиша првиот сезонски пораз. Каталонците напаѓаа, подготвуваа прилики, но никако не успеаа да ја отворат домашната одбрана. Хетафе, мрежата на Валдез ја погоди од единствениот удар во рамките на голот, Хуан Валера во 67. минута беше прецизен по додавањето на Сарабиа.Поразот во предградието на Мадрид е прв за Гвардиола и неговите избраници по цели 27 натпревари. Реал, очекувано, победи во градското дерби со Атлетико. „Јорганџиите“ поведоа со голот на Адријан, но по досудениот пенал и исклучувањето на гостинскиот голман Куртоа беше јасно како ќе заврши натпреварот. Роналдо постигна два гола од пенал, а по еднаш резервниот голман на Атлетико, Асенхо, го совладаа Аргентиците Игуаин и Ди Марија. Атлетико мечот го заврши со девет играчи, покрај голманот Куртоа во финишот исклучување заработи дефанзивецот Годин. Валенсија продолжува со добрите игри, по импресивната партија против Генк во Лигата на шампиони, екипата од „Местаља“, во Мадрид со 1:2 го совлада Рајо Ваљекано. Жонас и Коста беа стрелци на головите, со кои Валенсија освои три бода и се приближи на само бод негатива на второпласираната Барселона. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ставре Јада 88-ми во спринт трката на ЗОИ
Македонскиот репрезентативец, Стваре Јада, настапи во квалификациите, во спринт трката во крос-кантри, на ЗОИ во Милано и Кортина.
Во конкуренција на 95 натпреварувачи, Јада го освои 88-то место. Патеката во Вал ди Фјеме тој ја мина со време 3.59.56 минути, со речиси 53 секунди послаб резултат од победникот.
Победи Норвежанецот Јоханес Клабо со време 3.07.37, пред Американецот Бен Огден (3.09.88) и Французинот Жил Шапаз (3.12.86).
Фото/ МОК
Спорт
Стеф Кари поради повреда го пропушта Ол-стар натпреварот
По Шеј Гилџис-Александер (Оклахома), уште еден ас ќе го пропушти НБА Ол-стар викендот, станува збор за Стеф Кари. Оваа вест ја објави тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, пред натпреварот со Мемфис.
Кари почувствува болка во коленото пред две недели и го пропушти четвртиот натпревар по ред поради синдром на пателофеморална болка, попознат како „колено на тркач“. Тој нема да игра ниту во среда против Сан Антонио, за да биде подготвен за дуелот со Бостон на 19 февруари по Ол-стар викендот.
„Работата е што по пат учам што функционира во однос на рехабилитацијата. Коленото сè уште ме боли. Морам да се обидам да го отстранам целото воспаление и болка. Тоа е нешто што сè уште треба да го следиме. Не би сакал да се вратам прерано бидејќи повредата може да се влоши“, рече Кари.
НБА сè уште не објави кој ќе го замени Кари во тимот на САД. Ол-стар викендот ќе се одржи во арената Лос Анџелес Клиперс од 13 до 15 февруари.
Foto/ depositphotos
Спорт
Роналдо се смири со раководството на Ал Наср
Навивачите на Ал Наср и фановите на Кристијано Роналдо можат да здивнат. Португалецот се смири со клупските челници.
Откако поради протест, пропушти два натпревари, Португалецот треба да се врати во тимот на Ал Наср и да игра во следниот натпревар против Ал Фатех.
Роналдо наводно бил во бојкот, незадоволен од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал. Бидејќи сите клубови се финансираат од еден инвестициски фонд, го вознемирувал начинот на кој Ал Наср работи и тоа што нивниот конкурент за титулата Ал Хилал минатата недела го реализираше трансферот на Бензема од Ал Ахли.
Тој, исто така, протестирал затоа што платите на вработените во клубот доцнеле.
Раководството на клубот очигледно ги прифатило овие жалби, па сега Роналдо може да се врати на теренот и да го прави она што најдобро го знае.
Foto/ depositphotos

