Спорт
Фени сигурно „гази“ и во БИБЛ лигата

Актуелниот првак во регионалната БИБЛ лига, македонскиот шампион Фени индустри, ја забележа третата победа во четвртиот меч во ова натпреварување.
Актуелниот првак во регионалната БИБЛ лига, македонскиот шампион Фени индустри, ја забележа третата победа во четвртиот меч во ова натпреварување. Фени, вечерва во Мостар, ја совлада екипата на Зрињски со 68:76. Колективната игра и добрата одбрана беа клуч за победата на квадаречкиот состав. Фрај со 17 поени беше најефкасен кај Фени, каде уште Лилов постигна 14, Оцокољиќ 9, Самарџиев 8 поени. Со оваа победа по четири кола во Б групата, Фени го дели првото место заидно со Хапоел. Утре во Скопје настап во БИБЛ лигата ќе има и вториот македонски преставник Торус, кој за противник ќе го има бугарскиот Рилски. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Александар Сорлот даде три гола за 3 минути и 57 секунди и испиша историја на шпанскиот фудбал

Александар Сорлот, напаѓач на Атлетико Мадрид, испиша историја на шпанскиот фудбал. Сорлот постигна четири гола во првите 30 минути од мечот помеѓу Атлетико и Реал Сосиедад.
Првиот гол го постигна во седмата, вториот во десетата, а третиот во 11. минута, со што веќе ги испиша првите страници на историјата на овој натпревар, бидејќи постигна најбрз хет-трик во историјата на Ла Лига.
Три гола за 3 минути и 57 секунди. Оние кои мислеа дека тоа ќе му биде доволно на 29-годишниот Норвеѓанец, се излажаа. Сорлот постигна гол и во 30. минута од мечот, правејќи нешто што никој никогаш не го направил, со четири гола во првите половина час фудбал.
Не помина ни година од последниот меч во кој овој играч постигна четири гола – тоа беше на 19. мај против Реал Мадрид минатата сезона, во дресот на Вилјареал.
Спорт
Недеви на карате семинар во Виндзор, Англија

Македонските каратисти предводени од Венцислав, Дејан и Аљоша Недеви викендов учествуваат на врвен карате семинар во Винздор, Англија.
Семинарот го водат Такаши Оиши 9 дан, шеф инструктор на Јапонија и повеќекратен светски шампион во традиционално карате во ИАКФ/ИТКФ. Масао Кавазое 8 дан, шеф инструктор на Англија и Такаши Наито 8 дан, шеф инструктор на Италија.
Сите тројца се врвни карате мајстори членови на ИТКФ и ЈКА едни од првите и најмасовните карате организации во светот. Дејан Недев и овој пат беше еден од главните асистенти на карате семинариот во Винзор. На семинарот учествуваат над 500 каратисти од цел свет, а Македонија ја преставуваат: Камелија, Филип и Тадеј Недеви.
Спорт
(Видео) Најлошиот натпревар во кариерата на Никола Јокиќ – ова никогаш не му се случило на трикратниот МВП на НБА

Денвер Нагетс на Никола Јокиќ ги победија Оклахома Сити Тандер со 113:104 и поведоа со 2-1 во полуфиналето на Западната конференција, но центарот на тимот од Колорадо нема да го памети добро овој натпревар.
Јокиќ го заврши натпреварот без ниту една тројка, иако упати десет удари кон противничкиот кош.
Не е прв пат центарот на тимот од Колорадо да го заврши натпреварот без ниту една тројка, но му се случи за прв пат да не помине топка низ обрачот по десет обиди.
Досега, Јокиќ имаше најмногу промашени шутеви, осум, на 10 март 2022 година, против Голден Стејт Вориорс.