Спорт
Макси Лопез заминува во Милан
Аргентинскиот напаѓач Макси Лопез сега член на Катанија, во зимскиот преоден рок треба да замине како позајмен фудбалер во Милан, пушува италијанскиот печат.
Аргентинскиот напаѓач Макси Лопез сега член на Катанија, во зимскиот преоден рок треба да замине како позајмен фудбалер во Милан, пушува италијанскиот печат. Според написите, Милан веќе постигнал договор со Катанија а 27-годишниот Макси Лопез изјавил дека со задоволство би ја продолжил кариерата на „Сан Сиро“. Единственото што би можело да ја спречи реализацијата на овој договор е доколку Милан го доведе Карлос Тевез од Манчестер сити. Макси Лопез фудбалската кариера почна да ја гради во аргентинскиот прволигаш Ривер Плата а во 2005 година премина во Барселона. Меѓутоа во каталонскито клуб не ја доби вистинската шанса па потоа настапуваше за Мајорка, ФК Москва и Гремио, за во 2010 година да стигне во Катанија каде веднаш стан стандарден првотимец. /крај/ан/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Трент ќе го пропушти дуелот со Тотенхем
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд нема да биде во конкуренција за место во тимот, за реваншот од полуфиналето на Лига купот против Тотенхем, потврди менаџерот на „црвените“, Арне Слот.
Натпреварот се игра утре од 21 часот на „Енфилд“. Тотенхем е во предност бидејќи го доби првиот натпревар со 1:0. Другиот финалист ќе биде победникот од двомечот меѓу Њукасл и Арсенал. „Страчките“ го добија првиот меч во Лондон на „Емирати“ со 2:0.
„Трент ќе го пропушти натпреварот против Тотенхем. „Ќе треба да видиме дали е подготвен да биде во тимот за неделниот дуел со Плимут во ФА купот, но тој утре дефинитивно нема да игра“, рече Слот и додаде:
„Тој го напушти теренот против Бурнемут бидејќи почувствува болка во ногата. Тренет почна да тренира но со намален интензитетво. Ќе видиме колку време ќе биде потребно да биде подготвен“.
Ливерпул следно ќе игра со Плимут во четвртото коло од ФА Купот, како и со градскиот ривал Евертон (наредната среда) во Премиер лигата.
Потоа, лидерот во англискиот шампионат го очекува меч против Вулверхемптон на „Енфилд“, а потоа следуваат два пеколни натпревари, против Манчестер сити и Њукасл.
Спорт
(Видео) Хорхе Мартин по страотниот пад во Сепанг, се враќа во Европа на операција
Шампионот во „кралската класа“ Хорхе Мартин се здоби со скршеници на десната рака и левото стапало, поради што во четврток ќе отпатува за Шпанија, каде ќе биде опериран. Покрај него, слична ситуација се и Раул Фернандез од Трекхаус и возачот на ВР46 тимот Фабио ди Џанантонио.
Возачот на Aприлија, Мартин, изгубил контрола над својот мотоцикл, во вториот свиок на петеката „Сепанг“, по што имаше ужасен пад.
Веднаш бил пренесен во болница. Мартин заработи фрактура на петтата метакарпална коска на десната рака, како и фрактура на третата, четвртата и петтата метатарзална коска на левото стапало, потврдија од италијанскиот тим. Покрај тоа, најверојатно доживеал и потрес на мозокот.
За Мартин, сите овие повреди значат дека предсезонските тестирања во „Сепанг“, кои се траат до петок се завршени. Засега нема информации дали тој ќе биде присутен на тестирањата „Бурирам“ следната недела.
Jorge Martin’s highside at turn 2 😳#MotoGP #SepangTest
— Crash MotoGP (@crash_motogp) February 5, 2025
Во Шпанија на операција ќе мора да оди уште еден возач на Априлија, Раул Фернандез од тимот Трекхаус. Фернандез се здобил со фрактура на метакарпалната коска на левата рака при пад, а исто така има и фрактура на малиот прст. Ова значи дека тест-возачот на Априлија, Лоренцо Савадори, ќе има многу позначајна улога во „Сепанг“ од првично планираното, а италијанскиот тим во моментов остана само со Марко Бецеки и Аи Огура.
Претпладнево на патеката „Сепанг“, се повреди и Фабио де Џанантонио. Италијанецот ја скршил клучната коска на левата рака, истата што ја скрши минатата година во несреќата на „Ред Бул Ринг“.
Италијанецот потоа ги пропушти последните две трки од сезоната поради операција, за да биде подготвен за новиот шампионат, но нова повреда значи враќање во Италија на уште една операција.
Спорт
„Во постојан контакт сум со Михаел Шумахер“
Жан Тод, поранешен шеф на Ферари, вели дека е во постојан контакт со Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион.
Славниот Германец пред 11 години падна на скијање во француските Алпи, доживеа тешка повреда на главата и оттогаш неговата здравствена состојба е обвиткана со мистерија.
„Јас сум во редовен контакт со Мајкл и неговото семејство. Тие се дел од мојот живот. Семејството избра да не зборува за неговата состојба и јас го почитувам тоа“, истакна Тод.
Неодамна се појави информација дека Шумахер бил присутен на венчавката на неговата ќерка, но никогаш не е добиена официјална потврда, ниту пак во јавноста се појавија фотографии.