Спорт
Селекција на Шпанија најскапа на ЕУРО 2012
По вчерашното извлекување на групите за европското фудбалско првенство коешто ќе се одигра од 8-ми јуни до 1-ви јули следната година ќе се игра во Украина и Полска, направена е ранг листата на најскапите играчи коишто ќе настапат на овој најголем континентален спортски настан.
По вчерашното извлекување на групите за европското фудбалско првенство коешто ќе се одигра од 8-ми јуни до 1-ви јули следната година ќе се игра во Украина и Полска, направена е ранг листата на најскапите играчи коишто ќе настапат на овој најголем континентален спортски настан.Популарната „Црвена фурија“ е проценета на 641 милиони евра, а по неа следи Германија со 375 милиони, Португалија со 331, Англија со 326 и Италија чијашто селекција, односно вкупната цена на фудбалерите изнесува 314 милиони евра. „Најевтина“ е селекцијата на нашиот јужен сосед Грција, која чини 63,9 милиони евра. Меѓу фудбалерите секако предничи по цената Португалецот Кристиано Роналдо со 90 милиони евра, па следуваат играчите на актуелниот шпански и европски шампион Барселона, Андрес Иниеста со 65 и Цеск Фабрегас со 54 милион и Чави -45 милиони евра. Следат, исто така, панските репрезентативци Давид Силва со 45 и Фернандо Торес со 42 милиони евра. Холанѓанецот Весли Снајдер е седми со цена од 40 милиони евра, па доаѓа уште едена каталонец Жерар Пике со 38 милиони, колку што чини и Французинот Франк Рибери, а десетката најскапи на ЕУРО 2012 ја затвора шведскиот репрезентативец Златан Ибрахимовиќ со цена од 35 милиони евра. Оваа цена или приближна на неа е важечка и за следните десетмина најскапи фудбалери што ќе настапат во Украина и Полска. Вредност на репрезентациите:1.Шпанија – 641 милиони евра 2.Германија – 375 3.Португалија – 331 4.Англија – 326 5.Италија – 314 6.Франција – 306 7.Холандија – 236 8.Ирска – 190,8 9.Република Чешка – 179,910.Русија – 16511.Хрватска – 146,912.Шведска – 11613.Украина – 96,814.Данска – 79,915.Полска – 64,716.Грција – 63,9/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

