Спорт
Евро куп, 3. Коло: Играат Дамјан, Мејси и Самарџиски
Македонските репрезентативци Предраг Самарџиски, Џеремеја Мејси и Дамјан Стојановски, вечерва со своите екипи ќе настапат во четвртото коло, во кошаркарскиот Евро куп.
Македонските репрезентативци Предраг Самарџиски, Џеремеја Мејси и Дамјан Стојановски, вечерва со своите екипи ќе настапат во четвртото коло, во кошаркарскиот Евро куп. Лијетувос Ритас на Самарџиски е голем фаворит на домашен паркет против францускиот Ле Ман, екипа која сеуште нема победа во ова натпреварување. Џеремаја Мејси, најдобриот играч на Локомотив Кубан и еден од најекспонираните во Евро купот (20 поени и 11 скока по натпревар) ќе му гостува на германскиот Скајлајнерс. Локомотив е фаворит на овој дуел особено по убедливата победа во минатото коло над овој противник од 83:60. Натпревар на гостински терен ќе одигра и Лукоил Академик на Дамјан Стојановски. Екипата која од клупата ја предводи поранешниот македонски селектор Јовица Арсиќ ќе и гостува на Валенсија. Шпанскиот тим победи минатата недела во дуелот кој двата тима го одиграа во Софија, па токму поради та во мечот влегува како фаворит. Комплетни двојки, Евро куп 4. Коло:Група А: Цибона-Доњецк, Гравлен-Хапоел ЕрусалимТабела: Гравлен 3-0, Доњецк 2-1, Хапоел 1-2, Цибона 0-3Група Б: Химки-ПАОК, Шоле-РигаТабела: Химки 3-0, Рига 2-1, ПАОк 1-2, Шоле 0-3Група Ц: Нимбурк-Рудипс, Арис-ГасТера ФлејмсТабела: Нимбурк 3-0, Арис 2-1, Рудипс 1-2, ГасТера Флејмс 0-3Група Д: Валенсија-Лукоил Академик, Асвел-ОстендеТабела: Валенсија 2-1, Лукоил 2-1, Асвел 2-1, Остенде 0-3Група Е: Банвит-Гран Канарија, Скајлајнерс-Локомотив КубанТабела: Гран Канарија 3-0, Локомотив 2-1, Банвит 1-2, Скајлајнерс 0-3Група Ф: Лијетувос Ритас-Ле Ман, Крка-АзомвашТабела: Лијетувос Ритас 3-0, Крка 2-1, Азомваш 1-2, Ле Ман 0-3Група Г: Баерн Минхен-Спартак Санкт Петербург, Бенетон-ЦибонаТабела: Спартак 3-0, Баерн 1-2, Цедевита 1-2, Бенетон 1-2Група Х: Туров-Алба, Монс-БудуќностТабела: Алба 3-0, Монс 1-2, Будуќност 1-2, Туров 1-2./крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

