Спорт
Завршува првиот дел од Лигата на шампиони
Вечерва со натпреварите од последното коло во А, Б, Ц и Д групите ќе заврши првиот дел на Лигата на шампиони и ќе бидат познати имињата на сите учесници во осмина финалето.
Вечерва со натпреварите од последното коло во А, Б, Ц и Д групите ќе заврши првиот дел на Лигата на шампиони и ќе бидат познати имињата на сите учесници во осмина финалето.
Од овие четири групи пласман во нокаут фазата веќе обезбедија Баерн, Интер, Бенфика и Реал Мадрид, станува да се види кои четири тима ќе им се придружат.
Манчестер Сити во А групата мора да го победи Баерн, но за пласман понатаму ќе им биде потребен добар резултат од натпреварот помеѓу Виљареал и Наполи, поточно екипата на Горан Пандев не треба да забележи победа.
Најнеизвесна е ситуацијата во Б групата каде постојат неколку варијанти за расплет, што се однесува до освојување на второто место, бидејќи за него се борат три екипи Трабзон, Лил и ЦСКА Москва.
Базел и Манчестер Јунајтед во меѓусебен дуел ќе решат која екипа покрај Бенфика, од Ц групата, ќе оди во нокаут фазата.
Во групата Д на Ајакс ќе му биде доволен и нерешен резултат за да оди понатаму.
Група А: Манчестер СитиБаерн Минхен, Виљареал-НаполиТабела: Баерн 13, Наполи 8, Манчестер Сити 7, Виљареал 0
Група Б: Лил-Трабзон, Интер-ЦСКА МоскваТабела: Интер 10, Трабзон, Лил и ЦСКА 5
Група Ц: Базел-Манчестер Јунајтед, Бенфика-ОцелулТабела: Бенфика и Манчестер Јунајтед 9, Базел 8, Оцелул 0Група Д: Динамо Загреб-Лион, Ајакс-РеалТабела: Реал 15, Ајакс 8, Лион 5, Динамо 0. /крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

