Контакт

Спорт

Сензација во ЛШ, Базел го елиминира Манчестер Јунајтед

Објавено пред

Швајцарскиот шампион Базел со елиминацијата на Манчестер Јунајтед, приреди сензационален крај на натпреварите од фазата по групи, во Лигата на шампиони.

dobivaj vesti na viber

Швајцарскиот шампион Базел со елиминацијата на Манчестер Јунајтед, приреди сензационален крај на натпреварите од фазата по групи, во Лигата на шампиони. Базел, на домашен терен со головите на Штрелер и Александар Фрај ги совлада „црвените ѓаволи“ и си обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампиони. Поранешниот европски првак, Манчестер Јунајтед, утеха ќе бара во второто според квалитет фудбалско натпреварување на Стариот континент, Лига Европа. Несреќата, за менаџерот Алекс Фергусон, да биде поголема, е што неговата екипа по се изгледа на подолго време остана без капитенот Немања Видиќ, кој по еден дуел со Штрелер, во 44-таминута, се здоби со повреда на коленото. Покрај Базел, пласман во следната фаза, од оваа Ц група, уште претходно избори Бенфика. Лошата ноќ за тимовите од Манчестер ја надоплни и лидерот во Премиер лигата, Сити, кој и покрај победата над Баерн Минхен, не успеа да стигне до второто место во А групата, бидејќи и Наполи си ја заврши работата во Виљареал победувајќи со 0:2. Горан Пандев, во победата на својот тим ги одигра последните осум минути, тој во игра влезе на местото на Кавани. Трилер завршница имаше и во Б групата, ЦСКА во Милано го победи Интер со 1:2, со голот на Василиј Березуцки во 87-та минута, и благодарение на нерешениот резултат на натпреварот Лил-Трабзон, избори пласман во осминафиналето. Лион направи чудо во Д групата, откако и Реал одработи за францускиот тим. Реал го задржа максималниот ефект победуваќи го Ајакс, додека Лион во Загреб бркаше гол-разлика и успеа во намерата, на Динамо му даде седум гола, четири од нив ги постигна Гомис. Лигата на шампиони осминафиналните дуели ќе продолжи напролет, Македонија во нокаут фазата ќе ја преставуваат Иван Тричковски-АПОЕЛ и Горан Пандев-Наполи.  Група А: Манчестер Сити-Баерн Минхен 2:0, Виљареал-Наполи 0:2Табела: Баерн 13, Наполи 11, Манчестер Сити 10, Виљареал 0Група Б: Лил-Трабзон 0:0, Интер-ЦСКА Москва 1:2Табела: Интер 10, ЦСКА 8, Трабзон 7, Лил 6Група Ц: Базел-Манчестер Јунајтед 2:1, Бенфика-Оцелул 1:0Табела: Бенфика 12, Базел 11, Манчестер Јунајтед 9, Оцелул 0Група Д: Динамо Загреб-Лион 1:7, Ајакс-Реал 0:3Табела: Реал 18, Лион 8, Ајакс 8, Динамо 0. крај/мф/нц



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Неверојатниот Клебо победи во спринтот

Објавено пред

Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.

dobivaj vesti na viber

Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.

Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.

Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.

Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.

Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот

Објавено пред

Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.

dobivaj vesti na viber

Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.

Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Реал најде засилување во Тотенхем

Објавено пред

Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.

dobivaj vesti na viber

Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.

Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.

Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.

Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија1 час

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија2 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија2 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија3 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија4 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет4 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија5 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија6 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија6 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет6 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет7 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет8 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет8 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа8 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет8 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет9 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет20 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија21 час

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...