Спорт
АПОЕЛ и Базел „IN“, Јунајтед и Сити „OUT“
АПОЕЛ и Базел, секако се најпријатните изненадувања во Лигата на шампиони, за разлика од кипарскиот и швајцарскиот тим, гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити се разочарувањата во елитното фудбалско натпреварување, во сезоната 2011/2012.
АПОЕЛ и Базел, секако се најпријатните изненадувања во Лигата на шампиони, за разлика од кипарскиот и швајцарскиот тим, гигантите од Манчестер, Јунајтед и Сити се разочарувањата во елитното фудбалско натпреварување, во сезоната 2011/2012. Кипраните, кои поради Иван Тричковски (најдобар странски фудбалер на Кипар), со внимание беа следени и во Македонија, покажаа дека тактички и физички добро подготвена екипа може да му се спротивстави на секого. АПОЕЛ успеа да мине и да заврши како прв во една тешка група, со трофејни екипи во неа: Порто поранешен европски првак, освојувач на Купот на УЕФА и Лига Европа, пехарот во Купот на УЕФА во своите витрини го имаат и екипите од истокот на Европа, Зенит, односно Шахтјор. Тричковски даде значаен придонес во успешниот европски од на АПОЕЛ, напаѓачот е човек од доверба на тренерот Иван Јовановиќ, од максималните 540 минути, Тричко одигра 534. Репрезентативецот на Македонија во шестте одиграни натпревари постигна еден гол. Приказна која долго ќе се раскажува во фудбалска Европа е и Базел. Швајцарците во голем стил, преку големиот Манчестер Јунајтед се изборија за влез во нокаут фазата. Екипата во која главни звезди се ветераните Марко Штрелер и Александер Фрај до максимум ги искористи понудените шанси за да стигне до историскиот успех.Од друга страна Манчестер Јунајтед ќе го памети овој неуспех, „црвените ѓаволи“ по само трет пат во своето 17-то учество во Лигата на шампиони не успеаја да ја минат првата фаза. Јунајтед влегува во негативната статистика и како прва екипа која била финалист, а во следната сезона не успеала да ја мине фазата по групи. И додека сер Фергусон се теши дека тимот по разочарувањата стално излегувал посилен, неговите критичари во следните денови сигурно нема да мируваат. Утеха на Фергусон може да му биде учеството во Лига Европа, затоа што во својата богата ризница на титули му недостасува овој пехар. Прашање е дали сер Алекс може да се задоволи со ова и прашање е дали Шкотланѓанецот уште во јануарскиот преоден рок ќе започне со реновирање на тимот. Јасно е дека Рио Фердинанд ќе биде продаден, исто како што не е јасно зошто Фергусон го заборави својот најдобар стрелец во минатата сезона, Димитар Бербатов, особено кога се покажува дека „црвените ѓаволи“ се премногу стерилни во нападот. Проблемите за Фергусон да бидат поголеми се „погрижи“ Немања Видиќ, капитенот, за кого исто така се шпекулира дека ќе биде продаден, против Базел го повреди коленото, прегледите покажаа дека му следува четири месечна пауза. Разочарување, и тоа големо, има и на спротивниот крај од Манчестер, во онаа половина чии навивачи ја сакаат сината боја. Пребогатиот Сити, екипа која толку моќно делува во Премиер лигата, екипа која на градскиот ривал во дербито со леснотија му испорача шест гола, не успеа да ја мине конкуренцијата во А групата, поточно Баерн Минхен и Наполи. Сити својата шанса ја испушти против Наполи, во двомечот со италијанскиот тим „граѓаните“ освоија само еден бод. Дел од составот на Наполи беше и Горан Пандев, но капитенот на македонската фудбалска репрезентација доби скромна минутажа од тренерот Валтер Мацари. Пандев одигра пет натпревари, не постигна гол, а на теренот мина само 54 минути. Менаџерот на Сити, Роберто Манчини им се извини на навивачите за елиминацијата, но на армијата фанови сигурно дека извинувањето и нема да им биде некаква утеха. Сити ќе се насочи кон Премиер лигата, двата домашни купа и секако Лига Европа, прашање е што катарските сопственици ќе побараат од Манчини. И додека екипите од Манчестер се разочарувања, хрватскиот шампион Динамо е вистинската катастрофа во Лигата на шампиони. Шест натпревари, ниту еден освоен бод и гол разлика од 3:22, ги направија „мофрите“ најлоша екипа во историјата на елитното натпреварување. Хрватските медиуми тешко се мират со она што им го сервираа фудбалерите на Динамо, дури се споменува дека мечот со Лион бил „чуден“, дека со регуларноста на овој натпревар може да се позанимава УЕФА, истото го побара и тренерот на Ајакс Франк де Бур.И да не заборавиме, само три тима без пораз ги завршија натпреварите по групи: Реал, Барселона и Бенфика. Реал единствен имаше максимален учинок, шест од шест, Барса одигра еднаш нерешено, додека Бенфика три пати победи и три пати одигра нерешено. Како сега стојат работите нема да биде изненадување доколку шпанските великани Барселона и Реал се сретнат во финалето на 19 мај. /крај/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

