Спорт
МЗТ, во дербито, го декласира Фени индустри
Скопје, 08.12.2011 (Макфакс) – МЗТ Скопје му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Фени индустри, откако во последниот натпревар од 13-то коло во кошаркарското првенство, забележа убедлива победа од 92:71 (46:30).
МЗТ Скопје му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Фени индустри, откако во последниот натпревар од 13-то коло во кошаркарското првенство, забележа убедлива победа од 92:71 (46:30).
Натпреварот кој требаше да биде дерби мина во знакот на една екипа, домаќинот МЗТ. Во салата „Јане Сандански“ кошаркарите на МЗТ уште на самиот почеток, со серијата од 14:0 и 19:4, им ставија на знаење на играчите на Фени индустри дека се решени да им го нанесат првиот пораз во шампионатот.
До крајот на натпреварот МЗТ, без некои поголеми проблеми ја одржуваше предноста, која во еден момент изнесуваше и максимални 31 поен. Течната и брза игра во нападот, зачинета со добрата реализација, како и целосната индиспонираност на противникот беа доволни за МЗТ да ја забележи деветтата сезонска победа.
Репрезентативниот двоец Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски потпомогнати од Огнен Стојановски и Ноа Далман беа најзаслужни за победата на МЗТ.
Чековски беше најефикасен тој постигна 27 поени, имаше уште 8 скока и 2 асистенции , Гечевски заврши со двоен ефект 11 поени и 10 скока, Стојановски постигна 15 поени, а Далман заврши со 18 поени и 9 скока.
Во поразениот тим преодна оценка заслужи само Кирил Николовски кој со 12 поени и 11 скока го предводеше својот тим, Марко Симоновски и Џарид Фрај уфрлија по 11 коша.
Во следното коло Фени индустри ќе ја пречека АБА Струмица, додека МЗТ ќе му гостува на Вардар. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неверојатниот Клебо победи во спринтот
Јоханес Хесфлот Клебо го освои седмиот златен олимписки медал.
Фантастичен ден имаше Клебо во трката со спринт во класичен стил во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Клабо го освои второ злато на овогодинешните Игри, откако претходно победи во скијатлонот 10+10 километри. Во кариерата има седум златни олимписки медали, на вечната листа пред него, со осум е само неговиот легендарен сонародник, Бјорн Дели.
Клебо ја заврши последната трка за 3:39,74, пред Американецот Бен Огден, кој го следеше брилијантно и конечно ја помина целната линија со само 0,87 секунди заостанување. Огден беше деветти во оваа дисциплина пред четири години во Пекинг, а ова е неговиот прв олимписки медал во кариерата.
Бронзата оди во Норвешка, а ја освои Оскар Опстад Вике, кој беше 6,81 секунди зад шампионот. Ова е и првиот олимписки медал на Вике.
Во квалификациите во оваа дисциплина се појави и македонскиот репрезентативец, Ставре Јада. На крајот во конкуренција на 95 натпреварувачи, го освои 88-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Швеѓанките ги освоија медалите корс-кантри спринтот
Спринтот во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина мина во знакот на Швеѓанките. На патеката од 1,6 километри ги освоија сите медали.
Победи најголемата фаворитка, Лин Свон со време 4.03.05. За оваа 26-годишна девојка ова е прв златен медал од големите натпреварувања.
Свон а за 1.59 секунди беше побрза од бранителката на олимпиското злато, Јоана Сундлинг. Бронзениот медал и припадна на Маја Далквист.
Foto/ EPA
Спорт
Реал најде засилување во Тотенхем
Реал Мадрид сака да ја заврши реконструкција во дефанзивниот дел од тимот, што ја започна, што значи дека во летниот преоден рок приритет ќе биде централен дефанзивец.
Упамекано и Гуехи беа мети, се споменуваше и Конате од Ливерпул, а сега „Кралскиот клуб“ го насочи вниманието кон Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем е на листата на желби на Реал, а самиот Аргентинец не ја исклучи можноста за потенцијално заминување на крајот од сезоната, со оглед на тоа што не е во најдобри односи со раководството.
Според „Ел Чирингито“, Реал ќе се обиде да го донесе во Мадрид. Ромеро беше на прагот да се пресели во Атлетико Мадрид минатото лето, но тој трансфер поропадна поради обесштетувањето што го бараа од Тотенхем.
Тогаш, Тотенхем бараше 75 милиони евра. Се претпоставува дека клубот од Лондон и од Реал ќе ја бара истата сума.
Foto/ depositphotos

