Спорт
Антиќ солиден во победата на Олимпијакос
Перо Антиќ со Олимпијакос, по победата над Каха Лаборал, ги задржа шансите за пласман во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.
Перо Антиќ со Олимпијакос, по победата над Каха Лаборал, ги задржа шансите за пласман во Топ 16 фазата, во кошаркарската Евролига.
Олимпијакос, во рамките на А групата, во драматичен меч забележа минимална победа од 84:82.
По осум кола Олимпијакос и Каха Лаборал се на 50 отсто успешнст, имаат по четири победи и порази.
Антиќ во победата на својот тим, на паркетот мина нешто помалку од 17 минути, во тој период постигна 8 поени (1/2 за два, 2/5 за три), а имаше и 5 скока.
Во следното коло Олимпијакос ќе го пречека Канту, кој обезбеди пласман во Топ 16.
Екипата на Бамберг аправи мало изненадување со победата 79:90, во Малага, над Уникаха. Со оваа победа Бамберг си ги зголеми шансите во Б групата за пласман понатаму.
Во Ц групата, Партизан ја испушти првата шанса за да го завери пласманот во следната рунда. Шарлроа во натпревар со многу пресврти победи со 84:79. Во оваа група се одигра дербито во кое Реал го декласира Макаби со 88:64.
Барселона го задржа максималниот ефект со победата над Уникс, во чии редови го немаше Мајк Вилкинсон. Барса во рамките на Д групата победи со 63:50. Монтепаски, без повредениот Бо Мекејлеб, во Истанбул го совлада Галатасарај со 63:67. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Галатасарај со Осимен го растури Фенербахче на Жозе Мурињо
Во големото дерби на турскиот фудбал, актуелниот шампион Галатасарај победи со 3:1 на стадионот на Фенербахче. Галатасарај има шест победи со што го изедначи најдобриот старт на клубот во Супер лигата.
Гостите поведоа во 21. минута со автоголот на Доминик Ливаковиќ. Топката по ударот на Лукас Тореира се одби од стативата се одби од грбот на Ливаковиќ и заврши во голот.
Осум минути подоцна беше 2:0 за гостинскиот тим, а во главните улоги беа двајца поранешни играчи на Наполи.
Виктор Осимен, големото засилување на Галата оваа сезона, атрактивно со гради му асистираше на Дрис Мертенс, а ветеранот ја зголеми предноста на својот тим.
Кога во 60. минута 20-годишниот Бразилец Габриел Сара зголеми на 3:0, јасно беше дека Фенербахче ќе го доживее првиот пораз сезонава.
Две минути подцна Џеко од пенал постигна гол за Фенербахче. До крајот на мечот Фенербахче напаѓаше, имаа играчите на Жозе Мурињо две добри шанси но резултатот остана 1:3.
Галатасарај по првите шест кола има исто толку победи, на табелата има пет поени повеќе од Фенербахче.
Спорт
Шаховска партија во Торино, Јуве и Наполи ремизираа без голови
Фудбалрите на Јувентус и Наполи го разочараа фудбалскиот аудиториум во Италија, одиграа без гоови во дербито.
Првото полувреме мина во јалова иницијатива на Јувентус. Повеќе се играше на половината на Наполи, но без конкретна шанса за гол.
Во вторито дел Јувентус тргна поофанзивно кон голот на Наполи и со тоа покажа дека сака да победи.
Свои шанси имаа Веа и Јилдиз, но како се ближеше крајот на натпреварот се поизвесно беше дека ова дерби ќе заврши без голови.
Ова е трет натпревар во низа кој Јувнетус го одигра без голови. Избраниците на Тиаго Мота сепак не примија гол во домашниот шампионат.
Спорт
(Видео) Миовски стартер, Џирона загуби во Валенсија
Бојан Миовски го забележа првиот старт во Примера, но неговата Џирона доживеа пораз во Валенсија. „Љиљаците“ во шестото коло ја забележаа првата победа во новата сезона.
Првото полувреме беше здодевно, а двата гола беа постигнати во рок од две минути во второто полувреме. Капитенот на Џирона, Хуанпе Рамирез, си постигна авто гол во 56.минута, а две минути подцна топката во мрежата на Пауло Газанига ја смести Дани Гомез.
Миовски како и целиот тим на Џирона одигра просечен натшревар, очигледно врз екипата на Мичел остави трага тешкиот натпревар во Париз против ПСЖ во Лигата на шампионите.